• Latest

Се расчистува голема дива депонија во Драчево

May 4, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Се расчистува голема дива депонија во Драчево

May 4, 2021 15:35
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје денеска во соработка со Општина Кисела Вода и јавните претпријатија почна со чистење на дивата депонија во Драчево. Оваа депонија се очекува да биде исчистена за околу десетина дена, а просторот да биде целосно израмнет.

На почетокот на активностите денеска присуствуваше градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, кој посочи дека станува збор за една континуирана акција која што се спроведува на територија на градот.

-Во населеното место Драчево денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создадена во изминатиот период, која влијае на почвата, животната средина во Драчево, автоматски со тоа и во Скопје, рече Шилегов.

Тој потсети дека во изминатиот период расчистени се повеќе децениски депонии, како што беше депонијата во Аеродром кај Мичурин, депонијата во Визбегово, депонија во Ново Лисиче, и онаму каде што просторните услови дозволуваат. На тие места, како што рече, наместо депонии сега има паркови.

Како што најави, просторот ќе биде израмнет, и ќе стапи на сила системот воведен од Град Скопје во соработка со општините, а тоа е засилен инспекциски надзор, со цел да причинителите на вакви депонии радикално се казнат. Градоначалникот Шилегов испрати апел до граѓаните на Скопје да не ги создаваат дивите депонии.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена”, Абдусамед Шабани кој денеска присуствуваше на расчистувањето на депонијата посочи дека неговите екипи и во вечерните часови со засилени капацитети се насочени да го елиминираат отпадот, и дека ќе продолжат и понатаму да ги елиминираат сите црни точки во градот.

Градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски денеска на почетокот на акцијата на чистење, појасни дека Општина Кисела Вода со ребаланс на буџетот обезбеди пари за решавање на проблемот за жителите на овој дел од општината, поточно за завршување на овој дел од улицата.

-Сметавме дека пред да го завршиме патот треба да имаме една ваква акција со Градот Скопје и со јавните претпријатија за да прво се исчисти депонијата, а потоа да се направи и самиот пат. Ова е трета локација во општината која што ја чистиме заедно со Градот. Апелирам до сите граѓани да соработуваат со општината за да се ствараат што помалку депонии во иднината, рече Темелковски

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ