• Latest

Шидер: Застојот во евроинтеграциите поради проблемот со Бугарија во спротивност со европскиот дух и не треба да биде пречка за првата меѓувладина конференција

May 5, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шидер: Застојот во евроинтеграциите поради проблемот со Бугарија во спротивност со европскиот дух и не треба да биде пречка за првата меѓувладина конференција

May 5, 2021 16:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европратеникот Андреас Шидер денеска на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, во врска со застојот во евроинтеграцискиот процес поради проблемот со Бугарија, рече дека тоа е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Џафери и Шидер се согласија дека циркулирањето на нон-пејпери во европските кругови, со изнесување на погрешни аргументи и концепти за прекројување на границите во регионот на Западен Балкан кој беше сведок на немири пред неколку децении, треба да наиде на остра осуда во јавноста и оти ЕУ мора веднаш да реагира и да понуди конкретни патокази за земјите од Западен Балкан и нивната европска интеграција.

Шидер, кој е и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет – С Македонија и ЕУ и дел од тројцата европратеници задолжени за Дијалогот Жан Моне, исто така нагласи дека одржувањето физички средби меѓу парламентарците е неопходно за парламентарната демократија и изрази надеж дека во втората половина на годината, состаноците ќе можат непречено да се одвиваат како и претходно.

Европратеникот ја поздрави дистрибуцијата на вакцини во рамките на Ковакс системот, со укажување дека истата требало да биде дел од првичниот пакет на Унијата.

Претседателот Џафери изрази задоволство од можноста за средба со физичко присуство, со оглед на фактот што пандемијата оневозможи реализација на претходно предвидените активности, истовремено упатувајќи благодарност за неговиот досегашен придонес за унапредувањето на политичкиот дијалог во Собранието во рамките на Дијалогот Жан Моне. Ја поздрави и директорката на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија, Ева Елерајт, за унапредување на демократските процеси во нашето општество и во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Тој, како што соопшти собраниската прес-служба, ги информираше присутните за процесот на вакцинација, тековните собраниски активности со Европскиот парламент и за внатрешните консултации за Дијалогот Жан Моне меѓу претставниците на политичките партии застапени во Собранието. Притоа, ја поздрави и соработката со Европскиот парламент која и во време на пандемија се одржува со несмален интензитет, што претставува јасен сигнал за поддршката на европската перспектива на земјата.

Џафери ја поздрави последната Резолуција на Европскиот парламент за напредокот на земјата, истакнувајќи дека Собранието ќе продолжи да го одржува постигнатото и да се стреми да ги надмине прашањата за кои се потребни дополнителни реформи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ