• Latest

Спасовски: Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот

May 7, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот

May 7, 2021 09:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, порачува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во честитката до полициски службеници, вработени во МВР, по повод 7 Мај – Денот на полицијата.

Пожртвуваност, вели Спасовски во честитката, затоа што полициските службеници се обврзуваат да ги ставаат безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, затоа што секогаш треба да се во првите редови за подобар, посигурен и побезбеден живот на сите граѓаните на РСМ, чувари на јавниот ред и мир и градењето на државата.

-Особено во текот на изминатава година, ситуацијата дополнително беше комплицирана поради пандемијата со која се соочи светот, па должноста за заштита на здравјето, животот и имотот на нашите граѓани стана непроменлив указ за полициските службеници, порачува Спасовски.

Одговорност, нагласува Спасовски, затоа што во ваши раце се не селективната борба против криминалот и корупцијата и бескомпромисното владеење на законите.

-Нашата заедничка цел е нулта толеранција за корупцијата, нулта толеранција за сите кои ќе го прекршат законот, без исклучок! А јас цврсто верувам дека нашата цел е на дофат на раката со воспоставување на концептот на партнерство помеѓу граѓаните и полицијата. Оваа меѓусебна врска ќе стане уште посилна со континуирано зајакнување системот на соработка со граѓаните, со цел идентификување, демистифицирање и спречување, односно превенирање на криминогените појави на кои не може да остане имун современиот свет, вели Спасовски во честитката по повод Денот на полицијата.

А кога сме кај храброста, посочува Спасовски, уште кога ја облековте оваа униформа, со првите ризични ситуации со кои се соочивте, бевте свесни дека ништо нема да сторите без оваа доблест, исто како што знаевте дека храброста, покрај чесноста, е најголемиот квалитет на умот.

-На овој посебен ден не може да не помислиме на оние наши колеги, на оние храбри срца што ги нема денеска во нашите редови – нивната храброст и нивната жртва никогаш нема да бидат заборавени, а она што ни го оставија во наследство и споменот за нив, претставуваат инспирација за секој граѓанин, за нашите млади колеги кои за првпат ќе ја облечат работната униформа, инспирација за иднината на нашата земја – за нашите деца, вели Спасовски во честитката.

И конечно, нагласува Спасовски – моралот, затоа што да се биде полицаец е да се обавува високоморална професија.

-Вие сте првиот пријател кој е најбаран во незгода или во тешка ситуација, вие сте тие кои создаваат чувство на доверба, на сигурност кај граѓанинот, заштитници на нивните права, интереси и слободи. Тоа ви ја дава моќта, но од вас бара со беспрекорна присебност понекогаш и да се надминете себеси. Токму тоа е причината што имаме толку високи барања кон работата на секој одделен полициски службеник, што инсистираме на одржување на дисциплината и на вашата подготвеност на високо ниво, вели Спасовски во честитката по повод Денот на полицијата.

Ефикасноста на вашата работа, нагласува Спасовски, се мери преку конкретни резултати како што се борбата против криминалот и, во голема мерка, почитта и довербата на граѓаните, како и целокупната атмосфера во нашата земја.

-Кога сме кај борбата со криминалитетот со гордост можам да кажам дека во речиси сите сегменти е очигледно подобрување на резултатите, а евидентно е и генерално намалување на криминалитетот. За споредба, во периодот од 1 јануари 2021 до 15 април 2021 година кривичните дела бележат тренд на намалување за 9,5% во споредба со истиот период минатата година. Организациските единици во Бирото за јавна безбедност активно постапуваат по седум оперативни акции и резултатите се видливи. А ваквите резултати влијаат и врз зголемување на довербата од страна на граѓаните кои отсекогаш знаеле да ценат чесна, несебична работа и беспрекорно извршување на должностите, со што го градите и имиџот на полицијата, воопшто, посочува во честитката Спасовски.

Огромно е задоволството, вели Спасовски во честитката, што во последните години одново успеавме да ја воспоставиме таа традиција на обезбедување на почит кон секој таков поединец кој придонесува за градење на нашето демократско општество со европски стандарди во полицијата, а МВР како силна институција која го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите и претставува квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани.

-Свесен сум дека само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во активностите за справување со криминалот. Затоа и се заложив за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници. Горд сум што за период од три и пол години реконструиравме 55 објекти, кои сега имаат додадена вредност бидејќи се енергетски ефикасни, а овие две недели пристигаат и комплет униформи за неколку полициски единици. Набавивме пловни објекти, мотоциклистичка опрема, а за обнова на униформи и опрема во буџетот за оваа година имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството. Обезбедивме и средства за исплата на бонус плата на вработените во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, кои ќе бидат исплатени во јуни, а веќе ги исплативме бонус платите за 2017 и 2018 година, вели Спасовски во честитката до полицијата.

Продолжуваме, нагласува Спасовски, со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на оваа наша институција, со цел уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија.

-Би сакал уште еднаш искрено да ви го честитам, почитувани колеги, вашиот професионален празник – Денот на полицијата и на сите вработени во МВР да ви посакам здравје, успех, просперитет и уште подобри резултати во вашата многу важна работа. Да живее македонската полиција! Да живее Република Северна Македонија, вели Спасовски во честитката по повод Денот на полицијата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ