• Latest

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

May 10, 2021

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

May 10, 2021 14:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

-Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични, вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Подвлече дека неговите ставови во врска со „27 април“ не претставуваат мешање во судството, бидејќи тој цитира член од Кривичниот законик  кој овозможува повторување на процесот.

-Прво јас немам политички став за судски процес кој е во тек, туку за судски процес кој е завршен.  Второ нема никакво мешање во работата на судството прво затоа што е затворен процесот. И второ, во мојата изјава, јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесот.  Еден од процесите кои вие ги спомнувате беше повторен, значи имаше повторно судење, беше преотворен, имено благодарејќи на таа одредба во КЗ. Значи мешање во работата на судството е ако кажувате како треба да се суди или ако велите – јас имам докази и очекувам врз основа на она што јас го кажувам да се преотвори тој случај.  Велам, ако има нови докази, адвокатите, правните застапници до Врховниот суд, во овој случај правната процедура е таа. Не е мешање во судската работа ако цитирате член од Кривичниот законик, рече Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која е во прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ