• Latest
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Груевски и Мијалков меѓу обвинетите за случајот „Плацеви на Водно”

May 12, 2021

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски и Мијалков меѓу обвинетите за случајот „Плацеви на Водно”

May 12, 2021 15:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК)  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК.

На обвинетиот Н.Г. според известувањето на обвинителството му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ,  а обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ, додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик.

– Во периодот од месец јуни 2006 година до октомври 2012 година во Скопје првообвинетиот Н.Г. со искористување на ист траен однос и исти прилики за себе противправно присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени во врска со неговата работа и притоа присвоил износ од најмалку 1.300.360,00 евра или 79.972.140,00 денари. Тој, во овој период како одговорно лице, претседател на политичката партија, дел од паричните средства што биле давани како донации за финансирање на политичката партија не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе, соопштија од ОЈО ГОКК.

Дополнително од таму велат дека од месец октомври 2012 година до месец септември 2013 година  Н.Г. парите ги пуштил во оптек,  за што со умисла му помогнал обвинетиот С.М.

– Така, откако обвинетиот Н.Г. во средината на 2012 година дознал дека физички лица кои се иселени од  државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 м2 лоцирано на Водно побарал од обвинетиот С.М. да му помогне истото да го купи при што ќе го прикрие  изворот на парите и дека тој е сопственик на земјиштето. Обвинетиот С.М. стапил во контакт со обвинетиот Н.Ј. кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и се договорил оваа фирма да биде основач на  домашно правно лице кое ќе биде употребено за купување на земјиштето. Иако знаел дека неговото правно лице ќе се користи за прикривање на вистинскиот сопственик на купувачот на земјиштето,  обвинетиот  Н.Ј. во договор  со  обвинетиот С.М.  основал правно лице  во Скопје, на кое обвинетиот Р.Н. станал управител, информираат од обвинителство.

– Откако била постигната согласност за купопродажната цена, обвинетиот  Н.Г. во повеќе наврати на девизната сметка на правното лице во Скопје, преку сметката  на правното лице од Белизе пуштил во оптек парични средства прибавени со кривично дело. Обвинетиот Р.Н. ги примил паричните средства и во својство на управител на правното лице со сопствениците на земјиштето потпишал договор за купопродажба за купување на  шума со површина од 11.255 м2, по што извршил плаќање  кон продавачите во износ од 1.299.215 евра, а дел од останатите приливи ги  употребил  за плаќање на данок на промет на недвижности, појаснуват од ОЈО ГОКК.

Во периодот од јуни до октомври 2015 година обвинетиот Н.Г. купениот имот чии парцели со промените на ГУП на град Скопје 2012-2022 година,  биле  пренаменети  во градежни парцели и уделот на правното лице од Белизе во  правното лице во Скопје,  го пренел на обвинетите Ј.К. и Р.К.К. Обвинетиот Ј.К. како управител на правно лице и обвинетата Р.К.К. како краен сопственик на истото правно лице иако знаеле дека имотот е прибавен со кривично дело, истиот  го примиле во сопственост  на нивното правно лице и  донеле одлука преземеното правно лице да се преименува и сопственоста да се пренесе на правните лица каде обвинетиот Ј.К. е управител, а обвинетата Р.К.К. сопственик.  Потоа по претходно донесена одлука за физичка делба парцелите биле поделени на три нови парцели од кои едната била продадена на заинтересирано правно лице. Уделите во преименуваното правно лице и останатите две парцели фиктивно биле пренесени на трето лице без да биде платен уделот и со договор во кој бил определен рок за исплата на купопродажната цена со клаузула дека ако рокот не биде испочитуван, договорите се ништовни со што ја прикриле локацијата на имотот и неговата сопственост.

Воедно, обвинетиот Н.Г. како  службено лице спротивно на законската должност  од чл. 33 ст. 2  од Законот за спречување на корупцијата, со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој во значителна вредност ги надминува неговите законски приходи во Анкетен лист што го доставил  по престанок на функцијата до Државната комисија за спречување на корупцијата дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Р.Н. Па така, во графата “Недвижен имот“ не пријавил два стана во Скопје со површина од 38м2 и 57 м2, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2729 м2 и две градежни парцели во Крушево во вредност  од 795.424.,00 денари.

Надлежниот обвинител со Обвинителниот акт на судот му предложи предметниот недвижен имот трите плаца на Водно да бидат конфискувани, како и становите од 57м2 во вредност од 60.000 евра и 38 м2 во вредност од 41.000 евра, градежното земјиште со површина од 2729 м2, евидентирано во имотен лист за КО Центар 2 во вредност од 7.365.600,00 денари и двете градежни парцели за КО Норово – Крушево во вредност  од 795.424.,00 денари.

Обвинителот ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка за обвинетиот Н.Г. согласно член 165 став 1 точка 1поднесе Предлог за определување на мерка притвор по неговото пронаоѓање, за обвинетиот Ј.К – Предлог за продолжување на мерката притвор согласно член 165 став 1 точка 1, за обвинетиот Н.Ј. – предлог за определување на мерка на претпазливост – обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и за обвинетата Р.К.К. мерки на претпазлвост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и привремено одземање на патна исправа за преминвање на  државна граница односно забрана за нејзино издавање и тоа патна исправа издадена од Република Северна Македонија и патна исправа изддена од Република  Бугарија, јавниот обвинител побара мерките да траат до правосилно завршување на кривичната постапка.​

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ