• Latest

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: Се друго освен нов клинички центар е парцијално решение

May 14, 2021

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: Се друго освен нов клинички центар е парцијално решение

May 14, 2021 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар. Генералниот заклучок, како што рече, бил дека веќе предолго се разговара за изградбата и оти таа треба да почне што побрзо, како и дека друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција, би било парцијално решение. Филипче побара опозицијата да биде конструктивна и, како што нагласи, со блокирање на законот да не им го крати правото на граѓаните за соодветна и модерна здравствена заштита.

-Денеска организиравме состанок со дел од претходните министри за да разговараме околу проектот за новиот клинички центар, со цел да споделиме искуства, некои сознанија, перспективи предизвици со кои тие во својот дел од мандатот се соочувале. Практично заеднички став е дека ова прашање предолго се одолговлекува и се разговара повеќе од 15-20 години. Постигнат е на некој начин консензус по ова прашање  дека секое друго решение освен нов клинички центар на ново место како гринфилд инвестиција е парцијално решение, рече министерот за здравство.

Само потполно нов клинички центар, според него, може да понуди модерен и интегриран тип на здравствени услуги, нешто го има во развиените земји.

– Ние може да разговараме и за други парцијални решенија, но сето тоа нема да донесе суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја, рече Филипче,

Тој смета дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно, и потенцира дека опозицијата нема право да ја ускратат можност за подобра здравствен заштита на граѓаните.

– Не кажувам дека не може да разговараме за друга алтернатива. Но, отсуство на дискусија, блокирање закон со 2000 амандмани кои не се конструктивни е нешто што сметам дека не е оправдано и оти е злоупотреба некој начин на политичката позиција. Повторно апелирам да дојдат, да се охрабрат да разговараме без разлика дали тоа ќе биде на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата која на крајот на месецот ќе ја организираме во Собранието на која ќе учествуваат сите чинители кои треба да дадат коментар по ова прашање, истакна министерот Филипче.

Според него, граѓаните заслужуваат фактите што е тоа што се предвидува да има во новиот клинички центар, што се е предвидено да има за таа сума на средства, но  што би значело тоа за следните пет-шест децении во делот на развојот на здравствениот систем.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ