• Latest

Шекеринска ја најави меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“

May 14, 2021
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска ја најави меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“

May 14, 2021 13:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник (17 мај) до втори јуни на армискиот полигон Криволак ќе се одржи меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“ во која ќе бидат вклучени над илјада припадници армиите на Република Северна Македонија, на САД, на Грција и на Бугарија.

-Денеска може да видите дека нашата амбициозна цел да го модернизираме и унапредуваме Криволак била и оправдана и реална. Веќе денеска можете да видите дека полигонот навистина прераснува не само во национален и регионален, туку и вистински НАТО капацитет, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска беше на Криволак.

Периодов на европскиот континент се спроведува огромна вежба со над 20 илјади припадници на сојузничките сили, денеска на Криволак  завршува една вежба од таа серија, а во понеделник веќе почнува нова вежба, „Одлучен удар 21”.

Шекеринска нагласи дека и двете вежби, особено втората, каде што повеќе од илјада припадници ќе бидат присутни на Криволак и ќе работат на зголемување на интероперабилноста и на нивните капацитети, се доказ дека и покрај пандемијата, Алијансата покажува и резултати и волја да соработува и да развива  интероперабилност.

Таа им посака добредојде на припадниците на Армијата на РСМ, САД, но и на Грција и Бугарија. Притоа соопшти дека вежбата која ќе трае од 17 мај до втори јуни, е специфична по многу работи.

-Таа ја испраќа главната цел. А тоа е дека заедно сме посилни и дека заедно можеме навистина повеќе. За оваа вежба да се спроведува во ваков обем, со ваква големина, со вакви карактеристики, помогнаа претходно инженерските сили на Армијата на САД и на Република Северна Македонија, рече Шекеринска.

Директорот  на вежбата, полковник Блаже Николовски рече дека вежбата е извонредна можност за јакнење на интероперабилноста на македонската армија со останатите земји учеснички во неа и сојузници од НАТО алијансата. Зголемување на борбената готовност и потврда на напорите за трансформација на Армијата.

Одбранбено аташе на САД во РСМ, полковник Питер Ровел рече дека вежбата е дел од пошироката вежба која има за цел зголемување на стратешката подготвеност.

-Вежбата е силен пример како Северна Македонија е подготвена да работи заедно со САД и другите НАТО сојузници и нивните војски. Благодарност до министерката за посветеноста и лидерство во развивањето на Криволак во еден светски полигон, додаде Ровел.

Професор доктор Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, информираше дека ќе се следат параметрите за квалитет на воздух на полигонот, а резултатите ќе бидат достапни за јавноста. Се со цел, заштита на животната средина.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ