• Latest

Османи очекува наскоро средба со бугарскиот колега Стоев

May 14, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи очекува наскоро средба со бугарскиот колега Стоев

May 14, 2021 13:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе упатил писмо со честитка до новиот шеф на бугарската дипломатија во привремената влада Светлан Стоев и очекува состаноци, вели, оваа недела во насока на одржување на Меѓувладината комисија и за отворање пат за преговори.

-Уште вчера пратив писмо честитка до новиот министер за надворешни работи изразувајќи желба за скорешна средба со цел да се продолжи со идејата за состанок на Меѓувладината комисија, усвојување на извештаите од досегашната работа на комисиите, усвојување и одобрување на акцискиот план. Мислам дека се ова важни чекори во понатамошното имплементирање на Договорот, во градење на довербата. Веќе неколку месеци инсистирам за што поскоро свикување на Меѓувладината комисија бидејќи тоа е најважниот инструмент кој што објективно проценува динамиката на имплементацијата и тоа не остава простор за субјективно толкување на динамиката. Ние сме посветени на имплементирање на Договорот, рече Османи на новинарско прашање по прес-конференцијата со главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази.

Тој смета дека тоа е единствениот начин да се нормализираат односите, да се продолжи заедничката соработка и ќе продолжиме да работиме во рамки на инструментите што ги предвидува Договорот.

-Затоа мислам дека е важно да се направи таа комуникација и што побрзо да се свика меѓувладината комисија, бидејќи таа ќе даде дополнителна динамика на соработка. Очекувам да има одредени состаноци, важни иницијативи во текот на оваа недела. Не би влегувал повеќе по однос на тоа прашање, но се надевам. Ние важно сме спремни, посветени да се ангажираме во овој процес, затоа што шансата за јуни е неповторлива, затоа што и другите циклуси на состаноци на ЕУ се поограничена и покомплицирани поради многу околности – домашни, регионални, европски. И мислам дека треба да ги направиме сите напори за да постигнеме одредена согласност за утврдување на датум за јуни, оваа година, и затоа се добродојдени овие напори што ги очекувам оваа недела, рече Османи.

Тој го повтори ставот дека е можно решение со Бугарија и со техничката Влада и оти се надева дека токму комуникацијата и дипломатските обиди со новата влада во Софија оваа недела може да даде резултати.

-Ние не смееме да застанеме. Треба да работиме за јуни со сите капацитети што ги имаме, да ја мобилизираме целокупната поддршка која можеме да ја добиеме за јуни оваа година. Техничката влада може да донесе такво решение, рече Османи.

Во однос на евентуално одвојување на Албанија и Северна Македонија, тој нагласи дека наша принципиелна позиција е дека земјата ги исполни условите за старт на преговорите и Брисел треба да си го исполни ветувањето. Не сме против Тирана да ги започне преговорите, туку дека како што вели, Северна Македонија не смее да не ги започне.

-Ние не сме против тоа Албанија да ги започне преговорите со ЕУ, но Северна Македонија не смее да не ги започне бидејќи ги исполнува сите услови – 40 отсто од регулативите на ЕУ се транспонирани во нашето законодавство, 96 проценти сме усогласени со европската надворешна политика. Сите политички и економски критериуми ги исполнивме. Каква порака ќе испрати Брисел на регионот. Принципот беше вие испорачајте и ние ќе испорачаме. Врз база на тие ветувања направивме реформи. Ако ова ветување не се испочитува нема да имаме трансформирачка сила и ќе излезат алтернативни идеи како што и се појавуваат во последно време. Албанија ги исполни условите и треба да го продолжи патот со своја динамика, не сакаме да држиме никоја земја заложник. Но нема да биде добра порака на ЕУ за земјите во регионот ако не ги почитува своите ветувања, вели министерот Османи.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ