• Latest

Битиќи: Да креираме политики со кои ќе направиме конкурентен регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од Западен Балкан

May 14, 2021
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Да креираме политики со кои ќе направиме конкурентен регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од Западен Балкан

May 14, 2021 20:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на ко-претседавачите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан, Марко Чадеж и Бранко Азески, денеска присуствуваше на седницата на Управниот одбор на КИФ, која се одржа во просториите на Стопанската комора на Србија во Белград, известуваат владините служби.

На седницата, претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ (Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно – трговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово)  и вицепремиерот Битиќи, дискутираа за инвестициските политики во регионот на Западен Балкан, како и за потенцијалите за зголемување на атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација.

Вицепремиерот Битиќи истакнал дека политиката и политичарите треба постојано да бидат на служба на стопанството и граѓаните, стопанството е двигател на економијата и без меѓусебна соработка помеѓу стопанствениците и Владите, не може да се направат сериозни исчекори, кога станува збор за економскиот раст и развој на земјите и регионот на Западен Балкан. Воедно, вицепремиерот посочи дека уште на самиот почеток на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, се до денес потенцира дека е потребно да се создава конкурентен регион, наместо конкуренција помеѓу земјите од регионот.

„Уште од почетокот на економската криза заради Ковид 19, истакнав дека предизвикот кој стои пред нас е дали ние како земји од регионот треба меѓусебно да си конкурираме или да работиме на тоа да направиме конкурентен регион. Верувам дека иднината на земјите и на регионот на Западен Балкан е во интензивирање на меѓусебната соработка и создавање на поконкурентен регион во однос на глобалната економија. Еден голем предизвик се уште е Ковид-19 и пост-ковид периодот ќе биде клучен да ние како Влади креираме услови за развој на стопанството, и заедно со стопанските комори да направиме силен исчекор и да се приклучиме кон глобалните вредносни ланци за снабдување. Денеска, заедно со Коморскиот инвестициски форум сакам да иницирам еден широк дијалог за усогласување на политиките за привлекување на странските инвестиции во земјите на Западен Балкан, со кои наместо да си конкурираме, ќе создадеме една заедничка платформа  и можност за привлекување на нови странски компании, но и овозможување да се создадат вредносни ланци на странските компании токму на Западен Балкан. Така ќе се даде можност и на најмалите, но и најголемите да бидат дел од глобалната економија и сите заедно да придонесеме кон развојот на регионот“, истакна вицепремиерот Битиќи на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески истакнаа дека на седницата се дискутираше за многу важни економски теми за регионот, со особен фокус на интензивирање на активностите за привлекување на инвестиции во регионот, промоција на регионот на Западен Баллкан како атрактивна инвестициска дестинација, како и промоција и стимулирање на извозот на производи од земјите од Западен Балкан на постоечките и на нови пазари. Тие истакнаа дека претседателите на стопанските комори од регионот разговараа и за заеднички настап на светски познатите саеми во Шангај (SIAL) и на Dubai Expo 2020, каде сите шест земји ќе користат заеднички простор и ќе бидат промовирани секторите/гранките кои се застапени во сите шест земји со можност за поврзување со други глобални и успешни компании.

На седницата на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан се одлучи да се формира и Одделение за промоција на извозот и за привлекување на инвестиции, со кое ќе се овозможи една точка на контакт за сите заинтересирани компании за реализација на инвестиции во било која од шесте земји од Западен Балкан.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ