• Latest

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

May 17, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

May 17, 2021 11:15
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето.

Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад, дополнителен број на вработени, додатен трошок за гориво, амортизација и резервни делови, опрема за механички-биолошки третман на отпадот и слично. Вака накусо општините и јавните комунални претпријатија ги опишуваат причините поради кои во Македонија се врши минимална селекција на отпадот.

Од АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги во кое членуваат јавните комунални претпријатија од земјава, за „Мета.мк“ објаснуваат дека комплетен систем за собирање, транспорт, селекција и депонирање на отпад (изградба на современа депонија, набавка на нови комунални возила и специјализирани садови за отпад) за секој одделен регион од земјава би чинела по над 30 милиони евра.

„Може да се заклучи дека процесот на селекција на отпадот е скапа работа која бара финансиски средства“, велат од АДКОМ.

Во однос на изворите на финансирање, од ова здружение посочуваат дека средства треба да се бараат во фондовите на ЕУ, каде што позитивни искуства од други земји по примерот на Словенија, покажуваат дека ЕУ може да помогне бидејќи општините сами се немоќни да инвестираат сами во управувањето со отпадот.

Од АДКОМ потсетуваат и дека во некои општини од земјава висината на сметките за одлагање на отпадот за граѓаните и компаниите не се променети повеќе од 15 години.

„ЈП во овие општини зголемиле обем на работа, влегле во инвестирање во нова опрема (возила, садови за отпад, почнале процеси на селекција на отпад)“, велат од АДКОМ.

Тие очекуваат и помош од државата, која би можела да обезбеди дополнителни средства за нови проекти со кои во општините би се зголемил процентот на селектиран отпад. Во делот на кредитните линии, од АДКОМ сметаат дека тие не треба да се заборават, но притоа мора да се мисли и на финансиската исплатливост за подигање кредити за воспоставување на системи на селекција на отпадот.

Од АДКОМ тврдат дека скоро сите општини низ земјава вршат селекција на отпадна хартија и отпадна пластика, а во последниве години се отпочнало и со селекција на отпадно стакло. Но, проблем постои со пласманот на селектираните количини од страна на јавните комунални претпријатија.

Од АДКОМ сметаат дека треба да се направат измени во законската регулатива на земјава, во делот на задолжителната селекција на отпадот. Понатаму, треба да се забрза формирањето на регионалните центри за управување со отпадот и нивното префрлање на регионално ниво, како и забрзување на процесите за отворање на регионалните депонии. Воедно, потребно е и воспоставување на кампања за селекција на отпадот преку сите институции, која што ќе ги вклучи медиумите, социјалните мрежи, невладините организации, државата и локалните институции.

„Мета.мк“ веќе во неколку наврати пишуваше дека статистичките податоци покажуваат разочарувачки мал процент на комунален отпад што е селектиран од граѓаните и компаниите во Македонија. Ова се случува во услови на континуирано зголемување на количеството на комунален отпад што го создаваме како земја во изминативе години.

Од 2014 година до денес, процентот на измешан комунален отпад што се собира низ општините се движи од 83,4 до 89 отсто, коишто пак огромни количества завршуваат на општинските депонии, кои и така со исклучок на скопската „Дрисла“ и неодамна изградената гевгелиска депонија, не ги исполнуваат елементарните услови за депонирање на отпадот.

Идентично како и на национално ниво, бројките за главниот град за 2020 година покажуваат дека само 0,3 отсто од собраниот комунален отпад од ЈКП „Комунална хигиена“-Скопје бил селектиран како хартија, пластика и стакло, кои понатаму завршиле кај компаниите за рециклирање на отпад. Редок позитивен пример во земјава е Општина Прилеп, која со години наназад е првенец во однос на селекцијата на отпадот. Од вкупно 28.000 до 31.000 тони отпад што се создава во текот на една година, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп успева да селектира и продаде меѓу 1.200 и 13.000 тони селектирани отпадни материјали.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ