• Latest

Пендаровски: Интензивирањето на борбата против организираниот криминал, корупцијата и владеење на правото мора да биде врвен приоритет

May 18, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Интензивирањето на борбата против организираниот криминал, корупцијата и владеење на правото мора да биде врвен приоритет

May 18, 2021 13:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалната Универзитетска школа за безбедност на тема „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен  Балкан“, која се организира шеста година по ред од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а е поддржана од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање зборуваше за позитивните аспекти на фразата ,,влијанието на надворешните актери врз безбедноста на регионот” за која рече дека првата асоцијација, особено во популарниот жаргон и во медиумите е негативна.

„Северна Македонија неодамна ја одбележа првата годишнина од своето членство во НАТО и тоа за мене е без дилема, клучното стратешко и надворешно-политичко достигнување на земјата по приемот во Организацијата на Обединетите Нации“, рече претседателот Пендаровски.

Тој потсети на некои настани од изминатите 30 години од нашата независност: турбулентниот период на осамостојувањето и избегнување на лавиринтот на војните во поранешна Југославија, конфликтот во 2001, па се до нападите на столбот на демократијата – Парламентот, во два наврати, во 2012 и 2017-та.

„Само 3,5 години по конфликтот станавме земја-кандидат за членство во ЕУ и само една година по обидот за рушење на уставниот поредок во 2017 добивме покана да станеме членка на НАТО. Ваквата брза консолидација ќе беше невозможна без подршката на нашите стратешки партнери од НАТО, Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, потенцираше Претседателот.

Тој подвлече дека надворешната асистенција во развојот на нашата демократија беше најделотворна кога постоеше кохезија и синхронизација од двете страни на океанот, во трансатлантската заедница и кога присуството на Соединетите Американски Држави беше поизразено на Балканот. Претседателот нагласи дека и преостанатите крупни прашања и проблеми на Западниот Балкан не можат да бидат решени ако Европа и Америка не го кренат нивото на взаемна координација.

Пендаровски во обраќањето зборуваше и за втората компонента на позитивното надворешно влијание врз регионот. Тој рече дека европските интеграции нудат долгорочна перспектива за регионот и ќе биде трагично ако тие интеграции бидат попречени, не толку од Европската Унија, колку од самите нас, во регионот, преку анахрони историски интерпретации.

„Неодамна реков дека додека ние балканските народи во 21 век сéуште разговараме за историјата, милиони млади луѓе ни заминаа да ја бараат својата шанса во државите каде што историјата е присутна во книгите, а не како кај нас, во политиката и на улиците“, нагласи Претседателот.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски рече дека со посебна загриженост гледа на серијата нон-пејпери, кои заговараат ново менување на границите на Балканот и чија логика е да продуцираат повеќе регионална нестабилност, отколку она што е наводно првичниот план на креаторите на овие идеи – регионална стабилност.

„Ако интеграциите траат со години и при тоа никој не може да даде ниту приближна оценка кога преговорите би завршиле и наместо интеграции почнуваат да циркулираат вакви предлози чија имплементација сигурно не носи во конфликт, тогаш е логично нашите граѓани да покажуваат интерес и за други опции“, рече претседателот Пендаровски.

Тој подвлече дека неколку истражувања на јавното мислење и кај нас и во регионот, покажуваат дека опаѓа подршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување. Претседателот додаде дека е неспорно дека постојат странски ентитети кои настојуваа да го спречат нашето зачленување во НАТО, а денес, процесите на интеграција на земјата во Европската Унија.

„За таа цел, се развиваат хибридни стратегии и закани, се вршат сајбер напади и се продуцираат лажни вести и дезинформации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во институциите и во кредибилноста на регионалните организации во кои сме или сакаме да бидеме“, истакна Претседателот.

Тој порача дека како држава мораме да разбереме дека најдобриот начин за одбрана од овие малигни стратегии е засилување на нашите домашни референци, а тоа значи, интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет.

„Само со јакнење на демократските стандарди, транспарентноста на институциите и развојот на поинаква политичка култура на толеранција и градење на консензус ќе создадеме амбиент во кој позитивното влијание на бенигните надворешни актери ќе се чувствува повеќе“, порача  Пендаровски во обраќањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ