• Latest

Џафери пред уставните судии: За Законот за ЈО во целост се почитуваа одредбите од собранискиот Деловник

May 18, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери пред уставните судии: За Законот за ЈО во целост се почитуваа одредбите од собранискиот Деловник

May 18, 2021 16:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Уставниот суд денеска се одржа подготвителна седница по иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година.

Судијата Осман Кадриу на почетокот на седницата констатира дека во врска со Законот за јавно обвинителство, до Уставниот суд се поднесени три иницијативи, и тоа од Тодор Петров, Томе Тодоровски и Михајло Маневски.
Со иницијативите, како што рече судијата Кадриу, се тврди дека со донесениот Закон се повредени повеќе одредби од Уставот на Републиката.

На подготвителната седница, на покана на претседателот на Уставниот суд Сали Мурати присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој кажа дека при постапката за донесување на Законот и начинот на гласање во целост се почитувале одредбите од Деловникот на Собранието.

На прашање на судијката Елена Гошева, врз основа на која одредба од Деловникот се повторува гласањето, Џафери кажа дека тој го поништил гласањето поради тоа што на таа седница двајца пратеници реагирале оти на екранот не се прикажуваат нивните гласови.

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски, како еден од подносителите на иницијативите, смета дека Законот за јавно обвинителство содржи многу повреди од процесно – правен и од материјално – правен каракер.

Вели дека од процесно-правен карактер Законот за јавно обвинителство е донесен во една процедура која не е деловничка.

-Прво, на 134-таседница е разгледан Предлог законот за јавно обвинителство по скратена постапка, која седница заврши бидејќи Владата го повлече Предлог законот, меѓутоа истиот ден од страна на Владата со писмо кое не е потпишано од претседателот на Владата Оливер Спасовски се наведува дека законот се повлекува од собраниска процедура. Закон што е повлечен од собраниска процедура не може да биде закон кој понатаму ќе се третира како закон, додека не се одлучи од страна на Владата за поднесување нов закон…. Ако веќе тој закон не постои и е повлечен, таа 134 седница е затворена, на 135 да се стави нов корегиран текст што не е познато во Деловникот на Собранието и на Владата, а очигледно е дека е тоа противуставна процедура, изјави Маневски денеска пред Уставниот суд.

Што се однесува до гласањето на Законот, Маневски рече дека Деловникот на Собранието содржи многу јасни одредби за гласање и оти претседателот на Собранието нема никакво овластување да поништува гласање.

-Со оглед на тоа дека е повреден Деловникот и дека гласањето не може да биде поништено, претседателот е должен да ги соопшти резултатите од гласањето, колку пратеници се „за“, колку против, коилку воздржани и да соопшти дали законот е донесен или не е донесен. Ако го нема потребното мнозинство, во конкретниот случај двотретинско мнозинство, очигледно е дека законот не е донесен. Повредени се и многу материјални одредби, рече Маневски.

Тој смета дека е направена груба дискриминација и  со членот 110 од Законот за јавното обинителство, бидејќи се работи за очигледна нееднаквост на граѓаните пред законот.

-Барам да се поништи во целина Законот затоа што е неуставен. Не одговара на одредбите од Уставот и од Деловникот на Собранието и на Владата, рече Маневски.

Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес на 25 февруари и на 3 март 2020 година поднел две иницијативи до Уставен суд за поништување на Указот за прогласување на Законот за јавно обвинителство и на Законот за јавно обвинителство.

-Бараме поништување на Законот за јавно обвинителство, бидејќи не е донесен од Собранието. За него гласале 74 пратеници, 23 против, воздржани ниту еден. Претседателот на Собранието без овластување по Устав, закон и Деловник го поништува гласањето и го повторува, иако според Деловникот тоа не е во согласност со одредбите на актот за работа на Законодавниот дом. Закон кој не е донесен, не може ниту да се објави во Службен весник и затоа бараме заедно со Законот за јавно обвинителство, да биде поништен и Указот за негово прогласување  од претседателот на Републиката, изјави Петров денеска пред Уставниот суд.

Петров меѓу другото рече дека е единствен подносител на иницијатива за поништување на Закон за Специјално јавно обвинителство поднесено на 21 октомври 2015 година кое за жал, како што додаде, Уставниот суд до ден денес не ја процесуира иако Законот за СЈО престана со важност минатата година.

Законот за јавно обвинителство беше донесен од Собранието со 80 гласа „за“, но по повторено гласање, на 16 февруари 2020 година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш го потпиша Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство. На тоа реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи го Пендаровски дека не смее да потпишува указ за закон донесен во Собранието со двотретинско мнозинство.

За ВМРО-ДПМНЕ е спорно и тоа што Законот е донесен со повторено гласање, а спорен е и членот 110, кој предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Исклучок од ова веќе законско правило ќе бидат предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година. Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат.

Пендаровски по потпишувањето на Указот им порача сите коишто имаат забелешки за начинот на гласањето да ги достават до Уставниот суд.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ