• Latest

ДИЦ ги привршува подготовките за државната матура, на 5 јуни се полага првиот екстерен испит

May 19, 2021
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ДИЦ ги привршува подготовките за државната матура, на 5 јуни се полага првиот екстерен испит

May 19, 2021 16:17
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

За 15-ина дена 15 294 средношколци ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите кандидати. Шест дена подоцна ќе бидат тестирани и за вториот екстерен испит кој е изборен. Откако минатата година матурата не беше организирана поради пандемијата, Државниот испитен центар (ДИЦ) е во завршни подготовки за годинава да ја реализира успешно и во КОВИД-услови.

Утврден е здравствен протокол за деновите на полагањето, околу 2000 тестатори ќе бидат целосно вакцинирани, а за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.

Скратени се и испитните програми за предметите опфатени со матурата (екстерни и изборни) што, покрај намалувањето на бројот на екстерни испити од три на два, беше, исто така, меѓу барањата на Средношколскиот сојуз и прифатено од Владата во февруари.

-Подготвени се прашањата и привршуваме, по некои предмети сме веќе готови. Отпечатени се и спакувани за првиот ден, на 5 јуни – за мајчините јазици. Чекаме да дојде денот за полагање на матурата, да се дистрибуираат утрото до училиштата со специјална придружба, изјави директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА.

Според податоците на ДИЦ, од 15 294 кои се пријавиле за државна матура во оваа учебна година, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 турски јазик и литература.

За вториот, изборен екстерен испит, на 11 јуни, математика избрале да полагаат 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18.

Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите – странски јазик е во алтернација со филозофија (во училиштата за ликовно образование и има 14 пријавени) и со естетика (во училиштата за музичко образование и се пријавени 66 кандидати).

Според наставниот јазик, на македонски на 11 јуни се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274.

Ќе има околу 300 набљудувачи и 2000 наставници тестатори, кои на 4 и 5 мај беа вакцинирани со прва доза, на 25 и 26 мај ќе ја примат и втората и до првиот испит ќе имаат имунитет. Според протоколите, најмногу 15 ученици е дозволено да бидат во училница, самите училишта ќе предложат по колку можат да сместат на испитите и во некои бројот ќе биде помал од овој максимум.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Тие што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.

Годинава матурантите имаат два интерни наместо еден, односно третиот екстерен, на барање на Сојузот на средношколци, е трансформиран – спуштен на ранг на интерен. Наумовска рече дека сите училишта треба да ги објават и базените со прашања за секој предмет за интерните испити – (според постигнатиот договор треба да има меѓу 60 и најмногу 100 прашања) околу три недели пред испитот. Интерните ќе бидат организирани до крајот на јуни, откако ќе завршат со екстерните, односно по 11 јуни училиштата самите ќе направат распоред за нивното полагање.

Двата интерни испита матурантите ги избираат од Листата на наставни предмети која ДИЦ ја објави на својата веб-страница. Таа содржи 14 предмети за гимназиското образование, седум за стручното и четири за уметничкото образование.

Покрај два екстерни и два интерни испита, матурантите имаа обврска и за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април и е веќе завршена.

Средношколците во завршна година во учебната 2020/2021 до крајот на декември пријавија дека ќе полагаат државна матура, а по компромисот за измени на концепцијата, на барање на Средношколскиот сојуз, тие одново се пријавуваа од 22 февруари до 5 март за да ги променат предметите што ќе ги полагаат.

Државниот испитен центар паралелно почна и со подготовки и консултации за изработка на нова концепција за државна матура која би се применувала од наредната учебна година. Формирана е работна група од 15 членови, меѓу кои и тројца средношколци, а од Светска банка е ангажиран и експертот за евалуација во образованието Џорџ Бетл, кој работеше и на подготовката на актуелната концепција за матура.

Идејата за нова концепција е поинакви видови државна матура за гимназиското, за стручно и за уметничко образование, затоа што според актуелната концепција сите ученици, генерално, имаат иста листа на изборни предмети.

Директорката на ДИЦ за МИА соопшти дека веќе има работна верзија односно зацртана рамка како би изгледала новата концепција, но допрецизирање треба за избор на моделот на матура за стручното образование со оглед дека има шареноликост на струки и профили и ќе треба испитување на вештини на учениците. Посочи дека за новините ќе организираат јавна расправа за да ги слушнат мислењата на сите засегнати страни.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ