• Latest

Наближува јунскиот Совет на ЕУ, неизвесно дали земјава може да ги почне преговорите

May 20, 2021

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Наближува јунскиот Совет на ЕУ, неизвесно дали земјава може да ги почне преговорите

May 20, 2021 09:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев е уверен дека Европа го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор и оти Северна Македонија, која чека 16 години, има над дваесетина вета, а е на врвот со извршување на реформите, треба да ги почне преговорите и треба да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, тој нагласува дека очекувањата не треба да се преголеми, за земјата да не доживее разочарување, со оглед на блокадата од бугарска страна. ЕУ земјите сметаат дека проширувањето на Унијата не смее да запре. Северна Македонија, вели германската амбасадорка Анке Холштајн, одамна ги исполнила потребните услови. Вметнувањето нови услови за процесот на проширување, нагласува таа, е лош сигнал за сите и остава можност за нови билатерални прашања кои ќе го кочат процесот на проширување. Сепак, таа потсетува дека одлуката за проширување треба да биде донесена едногласно од сите земји членки.

Премиерот Заев вчера и завчера беше во Брисел каде на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, присуствуваше на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, а имаше и средба со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
„Претседателот на Европскиот Совет е всушност премиерот на една влада составена од европските лидери на земјите членки и разговаравме детаљно како што разговаравме и вчера на вечерата со високиот претставник за надворешна политика и безбедност, господинот Борел. Заклучокот е дека Европа си го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор, секако доминантно заради Северна Македонија којашто чека 16 години, која има преку дваесетина вета и навистина е на врвот со извршување на реформите, потврдено во сите извештаи и сме модел на европски начин на решавање на проблемите. На крајот треба Европа да испорача само пола чекор, затоа што ние имаме одлука за почеток на преговорите, не е за поглавјата туку е за првата Меѓувладина конференција“, изјави премиерот Заев за МИА по средбата со Шарл Мишел.
Македонскиот премиер нагласи дека лидерите „ќе бидат доволно фокусирани на изнаоѓање на решение за таа 27-ма членка да ја придобијат во одлуката“. Како позитивна порака, шефот на Владата го издвои фактот што тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија се спласнати.
„Јас верувам дека бугарскиот народ како и македонскиот сакаат пријателство, сакаат позитивни исчекори и јас како еден од лидерите во Северна Македонија го чувствувам тоа. Верувам дека и лидерите во Бугарија го чувствуваат тоа затоа што е наша обврска да ја отвориме иднината“, рече Заев за МИА.
Според него, постои резерва за ова прашање, и како што потенцира, тоа треба да го знаат нашите граѓани.
„Техничка влада е во Бугарија, да не ги дигнеме очекувањата па да бидеме сите разочарани. Јас се подготвувам да направам се, претседателот Пендаровски исто така, министерот за надворешни работи исто така, ќе направиме се, но очекувањата не смееме да ги дигнеме високо за да не се разочараме“, вели Заев.
Вели дека идејата е да се види што ќе се случува со ова прашање сега за време на португалското претседателство.
„Со време се фаќа работата, уште е мај месец. Верувам дека имаме доволно време до Советот на општи работи каде се носи одлуката“, рече Заев.
Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн вчера изјави дека португалското претседателство во моментов работи напорно да се најде консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија до Советот на ЕУ што е закажан во јуни и изрази жалење што Германија не успеала да го постигне овој консензус за време на нивното претседателство со ЕУ. Вели дека за Северна Македонија не постои друг простор за маневрирање и оти има црвени линии што не смеат да се преминат.

„Ние, Германија, сè уште жалиме што не успеавме да го постигне овој консенузс за време на нашето претседателство и покрај сите напори што ги вложивме и покрај инволвираноста на нашиот владин врв. Денес даваме поддршка на Португалија колку што можеме до максимум“, рече Холштајн на дебатата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“, во организација на Европското движење на Северна Македонија.

За Северна Македонија, подвлече Холштајн, не постои никаков друг простор за маневрирање, има црвени линии што не смеат да се преминат, а Владата покажа вистински добар став и покрај омаловажувањата во овој процес, со цел да не се нарушат добрососедските односи.

„Основната идеја на процесот на проширување е предвидливоста и пристапот што се заснова врз заслуги. Идејата прво беше Северна Македонија засебно да се земе во процесот на пристапување заради тоа што Албанија нецелосно ги исполни условите, меѓутоа зелено светло во март 2020 беше дадено на двете држави. Во меѓувреме и Албанија ги исполни двата услова што и беа дадени, така што нашето размислување, а Германија многу отворено тоа го кажа, дека треба да бидат ставен заедно во пакет. Силно веруваме дека ставањето во пакет ќе треба на некој начин да се задржи и има доволно оправдувања за тоа. Меѓутоа се разбира дека сакаме да видиме како ќе започнат преговорите за пристапување колку што е можно поскоро и со двете држави“, рече таа.

Холштајн вели дека едногласноста е неопходна во европските институции, а обидите да се отстрани ваквиот пристап не биле досега успешни, особено во процесот на проширување.

„За таа тема едногласно треба да се одлучи. Значи 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан. Не сакам да зборувам за Западен Балкан како наше соседство затоа што Западен Балкан е всушност дел од Европа и тие се поврзани, и ние сме сите поврзани со споделена и заедничка историја, и луѓето и економиите се многу повеќе испреплетени меѓусебе“, рече Холштајн, додавајќи дека една силна ЕУ има потреба од силен и стабилен Западен Балкан и тоа отсекогаш било една од клучните цели на ЕУ и на самата политика на проширување.

Германија, рече таа, од таа страна ја поддржува политиката за проширување, денес фокусот е на Западен Балкан за да се обезбеди сигурност и стабилност на овој дел од Европа.

„Ние треба да ги одржиме европските перспективи во овој регион експлицитни и отворени. Спротивно на тоа ќе значи дека вратите ќе бидат отворени за надворешни сили кои имаат желба и се заинтересирани да навлезат во овој простор со цел да го дестабилизираат. Процесот на проширување мора да остане жив и е секогаш ќе им потреба од моменти кога ќе треба да ги разгледаме последиците од нашите одлуки и навистина да бидеме искрени едни со други“, рече таа.

Холштајн е децидна дека мешани сигнали кои се праќаат до земјите аспиранти не е во корист на сите нас.

Дополнителни услови, смета Холштајн, уште повеќе ќе отворат можност за нови билатерални барања во иднина, па дури и ќе го кочат целиот процес со години или декади нанапаред.

Димитар Карапенов претставник на бугарската Амбасада во Скопје, кој се приклучи во дебатата, рече дека Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија.

„Перцепциите дека Бугарија на некој начин го опструира процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ е неточен. Неточни се тие забелешки. Секој треба да оди во заштита на своите национални интереси. Добрите соседски односи и соработка и целосната имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година се услов за евроинтеграција“, рече тој.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ