• Latest

Собранието подготвува нов акциски план за отвореност кон граѓаните

May 21, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието подготвува нов акциски план за отвореност кон граѓаните

May 21, 2021 15:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собрание за граѓаните со отворен одговор и отворено опоравување од ковид-пандемијата, подобрена ИКТ инфраструктура, како и учество на граѓаните како концепт за отворен Парламент, се трите заложби од новиот акциски план на Собранието за периодот 2021 -2023 година за чијашто подготовка денеска продолжија консултациите со граѓанските организации.

Заложбите за новиот, како и реализацијата на досегашниот акциски план беа претставени денеска на он лајн конференција, во рамки на неделата на Партнерството за отворено владеење (ПОВ).

Учесниците на конференцијата порачаа дека модернизацијата и отвореноста на Парламентот ќе ја подобри функционалноста на законодавниот дом и ќе им помогне на граѓаните да бидат во тек со носењето на одлуките и да се вклучат во нив. Демократија, одговорност, отчетност, достапност, се зборовите со кои во кратка он лајн анкета тие опишаа што за нив значи отвореност на Собранието.

Дел од активностите од новиот план предвидуваат изработка на он-лајн портал за отворени податоци за полесен пристап до информации за граѓаните, платформа за предлози и иницијативи од граѓани до законодавната власт, регистар на граѓански организации, воведување дигитални потписи за пратеници и собраниската служба, реформи во собранискиот канал,…

Како што информира Златко Атанасов, координатор за ПОВ и раководител на Парламентарниот институт во Собранието, собраниската веб-страницата има потреба од подобрување, реорганизација на сетови на информации, преглед, пристап до он-лајн снимки архивски снимки,  како и од реформа на собранискиот кланал. Според статистичките податоци има дел  од граѓаните во државава што го следат и се информиарат  преку овој канал, нашата цел е да го  подобриме информирањето, квалитетот на снимката, продуциски и копродукциски дополнителна програма од едукативен информативен карактер да се зголеми гледаноста и информираноста. Воедно  изработка на софтверско решение за следење на законодавниот процес во јавноста, ова е проактивен пристап на институцијата кон граѓаните  кога сакаат да знаат некој закон до каде е да можат да видат на веб-страницата, рече Атанасов, претставувајќи ги активностите од  заложбата за подобрување на информатичката инфраструктура на Собранието.

Меѓу останатото, со новиот план ќе се промовира и концептот за работењето на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните. Ќе се прават репортажи од сите градови каде работат овие канцеларии, кои ќе се емитуваат на собранискиот канал со цел да се објасни на локално ниво каде можат луѓето да се сретнат со пратениците.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски истакна дека одбележувањето на неделата на Партнерството за отворено владеење покажува дека законодавниот дом останува и понатаму доследен на исполнувањето на донесените одлуки од 2018 година кога беше  донесен првиот План за отворен Парламент, кој стана дел од Националниот акциски план 2018-2020.

-Оваа мултилатерална иницијатива за посветеност кон отвореното владеење во кое граѓаните имаат учество како израз на демократизација на институциите, борбата  против корупцијата, со промовирање на јавноста и транспарентноста во работењето, со користење нови алатки во насока на зајакнување на владеењето ги  рефлектира и заложбите на Собранието се со единствена цел – поквалитетн  живот на граѓаните со нивна директна вклучност во процесот на креирање на политики, одлучување по политики  во нивна и во полза на функционална законодавна, извршна и судска власт, рече Мисовски.

Пратениците, порача, се избрани од граѓаните и тие мора да бидат информирани за тоа што се случува во Собранието  и за начинот на кој се носат одлуките што влијаат на нивните животи и како тие да бидат вклучени во тие процеси.

Мисовски најави дека наскоро во собраниска постапка ќе биде доставен Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Северна Македонија за реформа на собранискиот канал и унапредување на парламентарното емитување.

Роберт Скот Хејзлет, тим-лидер на Програмата за парламентарна поддршка и виш резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ) ги претстави активностите со кои поддржуваат отвореност на Собранието.

-Програмата го поддржува Собранието и тоа е напор составен од пет столба: дијалог за политиките, институционални реформи, за функциите за надзор на  законодавството, транспарентност и отчетност. Ние сме посветени  на прецесот на ОГП на Парламентот, нова и подобрена веб страница, портал за отворени  податоци, подобрен собраниски канал, сите ќе бидат достапни на паметните телефони. Тоа се некои од начините со кои го поддржуваме Собранието, рече Хејзлет.

Конференцијата продолжува со паралени онлајн сесии за секоја од заложбите во предложениот акциски план.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ