• Latest

Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

May 25, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

May 25, 2021 14:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.Дебатата на членките на ООН се случи во светло на итните потреби за адресирање на дигиталниот јаз и потребата за дигитална соработка и поврзување во светот, со цел адаптација на пандемијата КОВИД-19 и имплементација на стратегиите за излез. Националниот координатор Забрчанец се осврна на важноста на борбата со дезинформациите, потребата од будност и за заедничка соработка на сите земји членки на Обединетите нации, како и потребата од споделување искуства, обединување и силно спротивставување кон дезинформаторите кои се закана за демократиите во светот.

„Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро.

Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот.

Пара-вестите имаат цел да ги поткопаат владеењето на правото, политичката стабилност, да создаваат омраза меѓу луѓето и народите, да корумпираат и да влијаат врз новинарите и да ја намалуваат довербата во владите.

Тоа е оружје во рацете за регресивните сили и пропагаторите на хомофобија, на антиваксерство, на национализам и на секакви други форми на радикализам. Од политички до верски и идеолошки.

Ја претставувам Северна Македонија, земјата која во 2018 година надмина 3-децениски проблем со соседот Грција и постигна договор за нашето уставно име, што беше услов за наше зачленување во НАТО и за придвижување напред кон членство во Европската Унија.

За време на спроведување на референдумот на кој граѓаните се изјаснуваа дали се ЗА решение со Грција и со тоа ЗА натамошно членство на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, нашата земја беше изложена на силна кампања со дезинформации и манипулации.

Се појавија нови сомнителни веб портали, се појавија страници на социјалните медиуми, мистериозни лајкови и шерови во огромен квантитет, постови кои шират омраза, оркестрирани анонимни ставови, фото манипулации – сите тие имаа цел да влијаат врз нашиот народ за да се отстапи од нашата национална стратешката определба, а тоа е членство во НАТО и во Европската унија. Се спротивставивме со транспарентност и со брза комуникација со јавноста и со граѓаните. Не им дозволивме да нè оттргнат од стратешкиот правец на оние кои што создаваа дезинформации од мистериозни комуникациски центри.

Во нашето горко искуство со дезинформациите имаме случај и на хибриден напад од страна на странски пранкери, кои преку наше конзуларно претставништво, преку фиктивен, но навидум реален вебсајт и домејн, успеаја да закажат и да реализираат телефонски разговор со нашиот премиер, премиерот на Северна Македонија, и тоа преку злоупотреба, замислете, на идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг.

Ние веднаш го обелоденивме овој случај пред јавноста и пред семејството на Тунберг и со тоа ги пресретнавме нивните намери. Аудиото од тој манипулативен телефонски повик беше објавено неколку месеци подоцна, во очи на парламентарните избори со цел директно да се влијае врз волјата на гласачите и врз исходот од изборите.

Манипулацијата не им успеа бидејќи објавата на аудиото не беше голема вест, односно беше стара лажна вест која ние претходно сами ја објавивме и разоткривме. Овој пример само покажува дека дезинформациите имаат цел да влијаат дури и врз изборни резултати, односно врз тоа која политичка структура ќе ја води државата.

На истите овие пранкери Vovan и Lexus, неколку месеци подоцна жртва им беше и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Почитувани,

Да се биде излажан од пранкери кои го крадат идентитетот на Грета Тунберг не е срамно.

Но да се зборува за тоа јавно и глобално е и храброст и неопходност.

Затоа треба да бидеме будни и справувањето со дезинформациите да го прифатиме како секојдневие. Тоа бара храброст, соработка и сојузништво.

Постојано да ги изложуваме пред јавноста лажните информации и тие што ги продуцираат.

Постојано да споделуваме искуства, успешни и неуспешни, од справувањето со дезинформаторите. Нека се срамат дезинформаторите, а ние да соработуваме и повеќе и посилно за што поскоро, тие да потонат во срамот.

Да се обединиме и силно да им се спротивставиме!

Ви благодарам.“

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ