• Latest

Бектеши: Трговијата е значаен поттик за зголемување на соработката во регионот

May 27, 2021
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бектеши: Трговијата е значаен поттик за зголемување на соработката во регионот

May 27, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат Паметен раст за закрепнување и одлржлив развој на економијата, фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на регионот како стратешки документи за влијание врз економскиот развој и соработката во регионот.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на состанокот на министерите за трговија на земјите од Југоисточна Европа кои денеска дебатитаа за „Предизвиците и можности за трговија во периодот по пандемијата Ковид-19 во Југоисточна Европа“, со кој оваа година преседава Република Турција.

„Економско-инвестицискиот план е клучен документ за Западен Балкан, развивајќи нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар заснован врз законодавството на ЕУ, со цел регионот да стане поатрактивна област за инвестиции“, истакна Бектеши.

Тој информираше дека земјава како можност за олеснување на трговијата во регионот воспостави заедничка гранична контрола – едношалтерски систем со Србија и интегрирано управување со границите на Табановце – Прешево за стоки и патници, а најави дека на овој начин за заеднички контроли наскоро ќе биде воведен со Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, каде неодамна беше изграден комплетно нов терминал.

„Во пракса, веќе започнавме со активности за проширување на зелените коридори кон Бугарија и Грција. Овој концепт ги прави коридорите поефикасни за извоз, увоз и транзит на стоки, како зелени ленти што овозможуваат побрз транзит на одреден трансфер на потребната стока“, потенцираше министерот.

Бектеши рече дека Република Северна Македонија неодамна започна со процес на ревидирање на договорите за слободна трговија со дел од трговските партнери на земјата, дозволувајќи повисок повластен третман и либерализација на трговијата.

„Сето ова треба да ја прошири веќе создадената област за слободна трговија. Степенот до кој ова може да се постигне ќе оди на некој начин кон обликување на иднината на трговијата и синџирите на вредности на регионално ниво, истражувајќи нови теми за да им помогне на деловните субјекти да имаат корист од повластената трговија.Сите овие се цели на нашата трговска политика што придонесува за нашиот економски раст“, рече Бектеши.

Потсети дека пандемијата КОВИД-19 ја предизвика најголемата здравствена и економска криза во светот досега со што беше нарушен нормалниот проток на трговијата, влијаеше на извозниот сектор на земјата и ја намали економската активност. Пандемиските импликации врз глобалната економија се присутни дури оваа година, додека масовната вакцинација на населението заврши.

Инфомираше за социо-економските мерки кои ги донесе Владата за ублажување на загубите кај најпогодените сектори со кои се „омекна“ падот на економијата на -4,4 посто и пад на увозот и извозот од 10 проценти.

Сепак, како што рече, нашата надворешно-трговска размена во најголем дел се спроведува во рамките на договорите за слободна трговија. Досега, мрежата на повластена трговија е со 41 земја, сите опфатени во шест договори, со државите од ЦЕФТА, држави на ЕФТА и членки на ЕУ и билатерални договори со Турција, Украина и Велика Британија и Северна Ирска. Сите овие трговски партнери учествуваат со 75 посто во вкупната трговија на Република Северна Македонија во 2020 година.

„Нашиот трговски проток продолжува на ист начин оваа година, заради високиот систем на повластено тргување, и покрај несигурноста и големите ризици во време на пандемија“, заклучи Бектеши.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    251 shares
    Share 100 Tweet 63
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ