• Latest

Димитров: Не мора да се договориме со Софија за се, но добро е да имаме конкретен патоказ

May 31, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Не мора да се договориме со Софија за се, но добро е да имаме конкретен патоказ

May 31, 2021 11:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Едната страна на компромисот со Бугарија е да не се договориме за се,  втората е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, да го спроведеме Договорот за пријателство, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

-Сегашниот компромис, се извинувам не можам во детали оти е во деликатна фаза процесот, треба да се даде шанса да се вложиме во дипломатските преговори, разговори и контакти, меѓутоа, на крупно, компромисот има две страни – една страна, кога на некој начин се договараме да не се договориме за сè. Бугарската страна си има свои позиции, македонската страна си има свои позиции. Вториот дел од компромисот е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, со надлежни институции, да го спроведеме Договорот за пријателство, вели Димитров во интервју за Радио слободна Европа, на прашањето дали очекувањата од бугарска страна содржани во декларацијата од 2019 ќе бидат вклучени во патоказот што треба да го достави Скопје.

Според него, неспорен е интересот во делот на изградбата на коридори, културната соработка…меѓу двете земји.

-Тоа е сосема неспорно. Ние имаме автентичен интерес да ја развиваме таа соработка и без Договорот за пријателство. Договорот ја поттикнува, мислам дека и соседна Бугарија има таков интерес. Треба да најдеме таков начин, можеби да има попродуктивна атмосфера во Комисијата за историски прашања, меѓутоа таа попродуктивна атмосфера истовремено се овозможува, ако Бугарија ни стане поддржувач како што ни беше кога имаше претседателство, вели вицепремиерот Димитров.

На прашањето дали е задоволен од она што Комисијата за историски прашања го сработи досега, Димитров вели дека контрапродуктивен би бил секој политички притисок и оти таа треба да се остави да ја работи својата работа.

-Ние како политичари сме во деликатна позиција да даваме суд и оценка за работа на експерти, академици, професори итн., во случајот во областа историја. Ако има политичко охрабрување, веројатно може да има, меѓутоа ако има политички притисок Комисијата да испорача, ќе има голем јаз меѓу Комисијата и општеството. Мислам дека тоа веројатно ќе биде контрапродуктивно. Затоа сите треба да бидеме многу внимателни кога судиме за работата на Комисијата, а истовремено пак членовите на Комисијата и ко претседавачите треба да бидат внимателни кога даваат политички судови, бидејќи и тоа ни се има случувано, посочува Димитров.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ