• Latest

Томшиќ: На час учениците ќе користат тетратки и моливи, дигиталните образовни содржини се дополнителен ресурс

June 3, 2021
Фото: Скриншот од видео на 
Forbes Breaking News

Рубио: САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа 

May 16, 2025

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

May 16, 2025

Меџити: „ВЛЕН“ нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

May 16, 2025

Таравари до Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство

May 16, 2025

На вториот ден од блокадата на судот во Нови Сад, полицијата повторно употреби пепер спреј

May 16, 2025
Јане Ѓорѓиоски

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025
Фото: Влада

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта дека може да нè биде

May 16, 2025

Прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американскиот државен секретар Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори за Украина

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Томшиќ: На час учениците ќе користат тетратки и моливи, дигиталните образовни содржини се дополнителен ресурс

June 3, 2021 11:54
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ќе се врати наставата во училишните клупи, таа ќе се одвива како и досега, со тоа што ќе се зголеми интеракцијата меѓу наставникот и ученикот. Во училница, ќе продолжи да се работи со тетратка и молив и преку интеракција помеѓу наставник-ученик. За прво и четврто одделение се изготвени нови наставни програми, врз основа на новата Концепција. Учебниците и наставните материјали кои се изготвуваат врз основа на новите програми, се со по инклузивни содржини, недискриминирачки, ќе учат за човековите права, објасни Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука за време на гостувањето во утринската програма на Националниот сервис (НРТ).

„Првооделенците ќе имаат нови учебници, изготвени по нова наставна програма. Тие ќе бидат печатени, во хартиена форма. Печатените материјали во целото образование, не се укинуваат. Дигитализираниот учебник е само средство коешто ќе им помогне на наставникот и на ученикот полесно да ја совладуваат содржината. Дигитални образовни содржини се воведуваат само во четврто одделение. Но, за оние деца што сакаат или им треба, ќе има наставни содржини во хартиена форма. Министерството за образование и наука обезбедува финансиски средства за да може секое училиште да го испечати учебникот во стандардизирана форма“, рече Томшиќ.

Дигиталните учебници се мултимедијални, ученикот во домот ќе може да ги отвори и преку видео и аудио содржините, анимациите и забавните содржини, ќе може полесно да го запамети она што наставникот го предавал на часот. Дигиталните уреди нема да се користат на часот. Таблата во училница не се заменува со компјутер. Томшиќ појасни дека со континуирано инвестирање во дигитализација, предизвици со кои сега се соочуваме ќе бидат совладани.

„Никогаш не може да бидете комплетно подготвени за да влезете во процес на промена. И во ЕУ има акциски план за дигитализација во образование 2021-2027, каде една од главните стратешки цели е достапен интернет и ИТ опрема во сите училишта. Кај нас, најголем дел од средствата од Светска банка ќе бидат спуштени до училиштата согласно нивните потреби, за да може во наредните пет години да ја подобри инфраструктурата, да вложуваат во опрема, во дигитални табли и пристапност, во подобрување на средината за учење“, посочи Томшиќ, додавајќи дека општините во соработка со општествено одговорните компании купуваат дигитални уреди и вложуваат во инфраструктурата на нивните училишта. Дополнителни средства се слеваат и преку поголемите блок-дотации од Буџетот кои се префрлуваат до општините.

Укажувајќи дека не можеме да бидеме единствена земја која ги негира современите трендови и дигитализацијата, Томшиќ рече дека ако сега не го фатиме чекорот, само ќе уназадуваме во резултатите од учење што ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања. Нашите 15 годишници заостануваат 4 години зад своите врсници во регионот. Тоа покажува дека фактографското учење кое се базира само на учебник, не дава резултати како учењето со разбирање.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ