• Latest

Вкупниот број на неевидентирани лица изнесува 659, од нив 70 проценти сè уште немаат поднесено Барање за упис во матичната книга на родени

June 3, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вкупниот број на неевидентирани лица изнесува 659, од нив 70 проценти сè уште немаат поднесено Барање за упис во матичната книга на родени

June 3, 2021 12:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупниот број на неевидентирани лица кои што се внесени во евиденција согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, според податоците добиени од Управата за водење на матични книги изнесува 659 лица. Од нив се доставени 211 Барања за упис во посебната матична книга, што значи, ако го споредиме со вкупниот број на неевидентирани лица, кој изнесува 659, неспорно е заклучокот дека 448, околу 70 проценти од лицата, сè уште немаат поднесено Барање за упис во матичната книга на родени, покажува Посебниот извештај за состојбата со неевидентираните деца во матичните книги на родени по примената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, на денешната прес-конференција го презентираше извештајот кој се заснова на истражување во периодот од 2018 година, од годината кога беше распишан јавниот повик за евидентирање на лица чии што раѓање не е евидентирано во Матичната книга на родени, заклучно со април 2021 година.

– Во однос на бројот на неевидентирани деца, нешто што нас, како одел за заштита на правата на децата посебно нè интересира, деца кои што се родени, по завршување на јавниот повик а не исполнуваат услови за запишување во матичната книга на родените согласно закон, имајќи во предвид дека законот, и оваа категорија лица ја има земено предвид, за жал, добивме информација дека Управата не располага со информација за деца чие што раѓање е после јавниот повик а за кој важи Законот за неевидентирани лица, истакна Мустафа.

Таа дополни дека Управата, по нивно барање, изјавила дека не располага ниту со информации за место на живеење на лицата како и тоа колку од нив се пријавени во центрите за социјална работа согласно местото на живеење, а, како што кажа, видно од одговорот, управата нема ниту податок за бројот на постапки кои што се во тек за дополнителен упис во матичната книга на родените заклучно со април 2021 година.

Мустафа истакна дека проблемот со неевидентираните лица не е нов и не е прв за кој што информира народниот правобранител, вклучително и за проблемот со неевидентирани деца во матичната книга на родени и дополни дека во нивните посебни извештаи, скоро во секој годишен извештај алармираат за недозволивоста дете да остане надвор од матична евиденција на родени.

– Од вкупниот број, 184 лица, кои што поднеле Барање за упис во 2020 година, за 44 лица, што претставува околу 24 проценти, управата донела решение за издавање извод од посебната матична книга и за истата се издадени изводи од посебната матична книга. Анализата на добиените податоци по возраст, упатува на заклучок дека најголемиот број од лицата, 397, што претставува 60 проценти од вкупниот број неевидентирани лица се деца под 18 годишна возраст. Од лицата кои го пополниле прашалникот и притоа се изјасниле за својата етничка припадност, најголем број, според податоците на Управата се Роми – 428, Албанци – 88, Турци -20, Бошњаци – 3, срби – 2 и едно лице од влашката етничка заедница, образложи Мустафа.

Таа го потенцираше недостатокот на денови определени како приемни за неевидентираните лица да поднесат барање како и недостатокот на стручен кадар определен за тоа и апелираше дека е неопходно истите да се подобрат.

Генералните препораки кои што народниот правобранител ги наведува се тоа да се разгледа можноста рокот за поднесување на барања за упис да се продолжи за една година, да се прошири опсегот на идентификационата исправа, како и да се уреди прашањето за упис во посебната матична книга на умрените за лицата кои починале а за кои е во тек постапка за упис и кои што уште не се евидентирани.

– Според народниот правобранител, државата, преку институциите, целосно треба да ја преземе одговорноста за идентификација, регистрација и вклучувањето на правно невидливите лица во системот, односно, повеќегодишниот проблем со неевидентираните лица и деца да го реши на системски начин, трајно, со почитување на меѓународните конвенции и домашната регулатива, заклучи Мустафа.

За целите на истражувањето биле подготвени прашалници кои што ги доставивле до надлежната Управа за водење на матични книги, како и до дел од граѓанските организации за кои што имале сознание дека повеќе години работат на проблематиката со неевидентираните лица а направена е и анализа на правната регулатива, како меѓународна така и домашна со посебен акцент на тоа што уредува Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ