• Latest

Комбиниран модел на настава и нов начин на средношколско организирање се главните приоритети на новиот лидер на Сојузот

June 8, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Комбиниран модел на настава и нов начин на средношколско организирање се главните приоритети на новиот лидер на Сојузот

June 8, 2021 11:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Лука Павиќевиќ, новиот лидер на Средношколскиот сојуз веќе подготвува нови промени кај средношколците, а пред се ќе се фокусира на начинот на кој ќе се изведува наставата од септември.

– На крајот на оваа учебна година официјално ќе ја преземам функцијата претседател на Сојузот на средношколци. Мојата програма наведува седум проблеми, од кои два се приоритети и кои наметнуваат голем број прашања од интерес на средношколците – вели Павиќевиќ за „Слободен печат“.

Тој посочува дека ќе продолжи онаму каде што застанал Ходаи, а за следната учебна година вели оти најпрво мора да се стави акцент на начинот на кој ќе се изведува наставата.

– Првото прашање на кое ќе се фокусираме јас, мојот тим, но и целиот Сојуз е моделот на настава во средното образование за следната учебна година. Нашиот став е дека образовните власти мора што поскоро да воведат комбинирана настава. Овој модел ги намалува штетните последици по социјализацијата и менталното здравје на средношколците, а истовремено го штити и нивното физичко здравје. Не смееме да дозволиме уште една генерација да го започне своето средно образование во толку неквалитетни услови, коишто ги посведочивме во изминатиов период со наставата од далечина – додава Павиќевиќ.

Идниот лидер на средношколците вели оти комбинираниот модел на настава кој се планира е поразличен од оној на МОН, бидејќи смета дека тој треба да се имплементира во рамките на едно исто одделение, велат од Слободен Печат.

– Вистинската комбинирана настава не се случува меѓу одделенија, туку во рамките на едно одделение, односно се дели одделението на пола, со тоа што едната група одреден период следи настава физички, а другата онлајн и кога ќе заврши тој период се случува ротација. Сојузот ќе се залага од септември средношколците образовниот процес да го следат комбинирано, во зависност од пандемските услови. По една и пол (учебна) година со неквалитетна онлајн настава, организирањето и спроведувањето на комбинираната настава е суштинска потреба – објаснува Павиќевиќ.

Вториот проблем, на кој средношколецот смета оти треба да се стави акцент е специјален модел на средношколско организирање, а поентата е ученичките заедници да се дефинираат согласно законот во училиштата.

– Второто прашање на кое работиме е изработка на нов модел за средношколско организирање на сите нивоа во земјава. Од класно и училишно па до регионално и државно. Мораме да имаме легитимни и демократски ученички заедници кои можат да работат во интерес на средношколците, а за првпат ќе бидат признаени од законската регулатива – нагласи Павиќевиќ, истакнувајќи оти станува збор само за најава, а дополнително ќе се работи на реализација на ова прашање.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ