• Latest

Недела неработен ден, добар компромис меѓу синдикатите, Владата и работодавачите

June 9, 2021
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Недела неработен ден, добар компромис меѓу синдикатите, Владата и работодавачите

June 9, 2021 14:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Законското решение недела да биде неработен ден што вчера Владата го усвои на седница е добар компромис, кој е постигнат преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар, оцени денеска досегашниот претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

– Во старт тоа не беше исплатливо за нас, но врз основа на дискусиите и со синдикатите и со Владата ова беше постигнатиот компромис. Мој личен, но и став на ОРМ е дека тоа е добар компромис. На оној што инвестирал 20-30 милиони евра во нов мол да му се забрани да работи во недела не е во ред, ама во ред е тој што ќе работи во недела да добие двојна дневница и на државата да и плати надомест за развој на инфраструктура, детски градинки… Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар. Може кога ќе имаме стандард девет-десет илјади долари по жител и тие нема да работат во недела. Но, во овој момент Македонија не смее да си дозволи македонски граѓани да одат во Бугарија или Србија и да трошат девизи, а наиште молови да бидат затворени, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали на работодавачите е прифатливо ако работат во недела да издвојуваат од приходот што го остваруваат.

Тој појасни дека работата на моловите и другите трговски субјекти се регулира со Законот за трговија, што е под надлежност на Министерството за економија. Во Законот за работни односи пак, се наведени сите дејности кои заради технолошкиот карактер на компанијата, или пак витални дејности како полиција, војска, здравство… мора да работат  во недела. За тие вработени ќе има 50 отсто поголема дневница и ќе користат слободен ден во текот на наредната недела.

Во врска со ребалансот на Буџетот, Димитров истакна дека е добар и оти само со државен интервенционизам може да се постигне поголем развој на економијата.

– Јас сум поддржувач на државен интервенционизам. Македонија на овој степен на развој како што е сега мора да има таков интервенционизам за поттикнување на економскиот раст. Тоа во историјата го правеле и најлибералните економии. Државата треба да помогне на сметка на зголемување на вкупниот долг со инвестиции во инфраструктурата, гасната инфраструктура, брани за наводнување…, кои ќе дадат зголемување на економскиот развој, раст на компаниите и бизнисот. Вкупниот долг ќе се намали и треба да се намали со раст на БДП, а не со не инвестирање бидејќи ние сме на ниско рамниште на развој, немаме доволно капитал и домашно штедење. Се уште ни е ниска претприемачката култура и без поддршка на државата тоа не може да го направиме, рече Димитров.

Во врска со одлуката јавната администрација да добие к-15 тој вели оти смета дека тоа е исправно. Не е фер, нагласува Димитров, К-15 да биде задолжителен за приватниот сектор, а не за јавниот, па вработените на некој начин да бидат спречени да го уживаат истите права, како оние во приватниот сектор.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ