• Latest

Заев: Ќе ја искористиме желбата за разговори со Бугарија, не разговараме за идентитетот и јазикот туку за португалскиот предлог

June 16, 2021
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ќе ја искористиме желбата за разговори со Бугарија, не разговараме за идентитетот и јазикот туку за португалскиот предлог

June 16, 2021 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред утрешната посета на Софија.

Според македонскиот премиер, португалскиот предлог е навистина инвентивно и креативно решение за кое што вреди да се потрудиме.

„Притоа работните групи имаат соодветно постигање на патната карта на која што е утврдена секторската соработка на сите нивоа со конкретни пет месеци, три месеци, шест месеци, година дена континуирано или слично и со интензитетот на закажување на историската комисија. Тоа се сериозни успеси коишто досега се постигнати. И јас верувам дека треба да им дадеме шанса на конечно изнаоѓање на решение“, рече Заев.

За утрешната посета на Софија тој кажа дека е должен прво на граѓаните да им ги каже своите лични очекувања, бидејќи не сака ниту за себе ниту за народор да ги зголемува очекувањата од тоа што е реално.

„Зошто е реално? Заради тоа што во Бугарија нема ниту Парламент, ниту има политичка влада. Фала богу има желба за разговор и затоа ќе ја искористиме таа желба за разговори од страна на бугарската влада и ние ќе ја направиме утре посетата Бугарија каде што ќе се видиме и со лидершипот на повеќе политички партии, најголемите… Се надевам тие ќе го прифатат тоа, а ќе се видиме со премиерот и со претседателот на државата и сите важни носители на одговорните функции“, рече Заев.

Португалскиот предлог го оцени како навистина квалитетен, квалитетен за нас, квалитетен за Бугарија и оти води грижа за двете страни.

„Наша официјална позиција е дека е добра основа за постигнување на решение и бугарската официјална позиција е дека е добра основа за постигнување решение. Ова треба да го искористиме. Ако се постигне решение супер, ако не се постигне сигурно ќе е позитивен исчекор кон изнаоѓање на решение веднаш штом ќе се формира политичката влада“, оцени премиерот Заев.

Првата шанса за датум за меѓувладина конференција е на 22 јуни одосно 24 и 25 јуни кога се одржува Европскиот совет. На 6 октомври, посочи Заев, е закажан Европски совет за Западен Балкан во Словенија за време на словенечкото претседателство, што е следна шанса за нас.

„Потврдивме дека заслуживме и повеќе од тоа, туку како што реков повеќе од јасно е дека ЕУ се чувствува должна затоа што не испорачала, ние испорачавме се. Ние ја крепиме агендата на борбата против сите, би ги нарекол, меморандуми за промена на граници или етнички територии токму преку Северна Македонија и нашето едно општество за сите и мултиетничка, мултирелигиозна функционална демократија и сме пример на европскиот континент за тоа. Пример сме и преку европскиот начин на решавање на проблемите во регионот. Пример, најдобри сме и во реформите и тоа како нашиот народ заслужил да добие прва меѓувладина конференција која што  реков дека е само получекор во нашиот пат кон европската интеграција“, истакна Заев.

Коментирајќи ги обвинувањата од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека исти такви обвинувања имаше дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот.

„Ќе прашам јавно, зарем е можно изгубен идентитет повторно да го изгубиме? Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е веројатно Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, одговори Заев.

Премиерот уште еднаш повтори дека за македонскиот јазик и идентитет не се разговара, туку за португалскиот предлог.

Пред утрешната посета на Софија, Заев го поздрави бугарскиот народ и нивните сегашни и идни лидери кои, како што рече, секогаш во првите реченици на сите нивни соопштенија стои Бугарија останува посветена на интеграциите во ЕУ на Република Северна Македонија, што е добро.

„И навистина сме пријатели и братски народ и тоа треба да го покажат на дело. Јас разбирам дека и браќата понекогаш може да се скараат. Но, дефинитивно Бугарија е должна и треба да ја даде поддршката на РС Македонија затоа што само на тој начин нашето пријателство ќе расте, нашата соработка ќе расте, ќе не почитува Западна и Северна Европа уште повеќе ако бидеме уште посоработливи и наоѓаме повеќе начини како да го зголемуваме тоа што значи секојдневие во соработката и на нашиот народ и на нашите компании, така што тоа се придобивки и за бугарскиот и за македонскиот народ. И верувам дека ќе бидат паметни политичари од двете страни да изнајдат вакво решение“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање, пренесува МИА.

Заев потсети дека Бугарија смета дека не сме доволно ефикасни во реализацијата на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со нив и бараат конкретни гаранции. Заев рече дека сите сме свесни дека после Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија се разговараше и за Преспанскиот договор. Следуваа уставните промени, референдумот, претседателски избори и пандемијата.

„Голем дел од работите се реализирани во паралела многу повеќе од каде било во светот после вакви договори. Но, нивно право е да кажат дека сакаат уште подинамична реализација на овој договор. И ние сакаме. Ние сакаме ако може уште утре да ја пуштиме пругата која што поврзува Куманово – бугарска граница со Софија па тера до Истанбул. И ние сакаме уште утре, како што го пуштивме делот од Коридорот 8 Скопје – Миладиновци – Свети Николе – Штип, па од Штип до Кочани, од Кочани – Делчево – Берово – Клепало изградено комплетно истото тоа да го имаме и према Крива Паланка. Работиме на тоа и верувам дека интензитетот во иднина ќе биде уште подинамичен“, рече премиерот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ