• Latest

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

June 22, 2021
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

June 22, 2021 12:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска во разговор за „360 степени“, вели дека истражни органи ќе треба да утврдат на кој начин од 2014 наваму се правеле набавките на учебниците со кои се давало ексклузивитет на одредени издавачи.

„Оваа година многу транспарентно се обидовме да ги собереме сите потребни податоци на кој начин од 2014 до денес се откупувале учебниците и каков квалитет на учебници имаме. Ова го направивме во насока на транспарентно добивање информации потребни за МОН и за граѓаните, а компаниите кои се јавија на јавна набавка се најдоа затечени. Не сакаа да ги дадат податоците коишто ги баравме, затоа формиравме Комисија којашто министерот има право да ја формира за да се добијат потребните податоци. Од 2014 ги отворивме сите записници, сите одобренија за употреба на учебници, како се воделе постапките. Комисијата има детални записници, наоди и заклучоци и препорачува бидејќи ние не сме истражен орган, тие записници да се предадат на надлежните истражни органи и да се види како е дојдено до тие одобренија за употреба на учебници“, рече Царовска.

Министерката истакна дека Комисијата утврди дека во определен број записници за одобренија за учебниците се гледа дека едни учебници имаат повисоки поени од други учебници, а предлогот за одобрение се дава на оние со пониски поени, нешто што треба да го истражат надлежните органи.

Царовска појасни дека Кембриџ учебници не се Кембриџ учебници, туку адаптиран учебник по програма Кембриџ.

„Тие учебници се адаптирани по програма Кембриџ и тоа го покажува првото одобрение (ендорсмент за Кембриџ) кој што го имале, но во постапката го немале, го обезбедиле дополнително. Дали биле усогласени или не оставаме да утврдат надлежните органи. Затоа што некои учебници се делумно усогласени, а некои се целосно усогласени со Кембриџ програмата и тука се тие бодувања од 11 до 15 поени итн.… И се гледа дека се избрани учебници кои се делумно, а не целосно усогласени. Сметам дека надлежните треба да го испитаат тој дел од првите одобренија за употреба на учебници, затоа што продолжението на употреба на учебници се гледа дека е на барање на наставниот кадар затоа што имало технички грешки кои биле утврдени во учебниците“, вели Царовска.

Исто така, вели Царовска препорака на Комисијата е да се оди со ново законско решение, или да се допрецизира постојното законско решение каде ќе се утврдат повеќе аргументи за квалитетот на учебници кои задолжително ќе се бараат на оние коишто ги продаваат, односно од оние од коишто ги откупуваме учебниците.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ