• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Влада: Работната група за канабис ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација

June 24, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Работната група за канабис ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација

June 24, 2021 10:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата, вчера попладне, се одржа вториот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”.

На вториот состанок, Работната група усвои дефиниции за поимите декриминализација, легализација и депенализација по однос на статусот на употреба на канабисот, кои ќе се користат за подобро разбирање на степените на дозволена употреба на канабис низ работните процеси во институциите, како и за информирање и едукација на широката јавност за различните аспекти на употреба на канабисот.

Работната група донесе заклучок за изработка на компаративна анализа на моделите во 10 различни земји од регионот, Европа и светот по однос на статусот на употреба на канабисот и тоа во Португалија, Холандија, Чешка, Шпанија, Канада, Колорадо (САД), Калифорнија (САД), Израел, Хрватска и Албанија.

Компаративната анализа ќе обезбеди темелен преглед на политиките за канабис во 10-те земји, согласно повеќе критериуми и тоа како гласи законската одредба за употреба, поседување и производство на канабис, примена на законите, значајна пракса која се применува, позитивни или негативни примери, број на корисници на канабис пред и по воведување на промената, број на затвореници за кривични дела поврзани со канабис, број на смртни случаи или предозирање поврзани со канабис, пред и по воведување на промената, дали се воспоставени социјални програми за ресоцијализација, вработување и слично, дали има анализа за исплатливоста на моделот, бенефити од економски аспект во земји каде се применуваат либерални политики, моделот за легално производство и пуштање во промет на канабис и продукти од канабис и број на вработени во секторот канабис, вредност на годишен обрт во сектор канабис, даночен прилив од легален канабис за медицински цели и лична употреба.

Работната група на состанокот утврди насоки и одговорни засегнати страни за подготовка на сеопфатно, јавно и едукативно информирање на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и обезбедување целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни. За реализација на ваквата јавна, информативна и едукативна кампања ќе биде побарана поддршка од бизнис секторот и од сите општествени чинители кои ги поддржуват зелените политики.

На вториот состанокот на Работната група за канабис учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис, Иновативната фармацевтска индустрија и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Работната група ја дефинираше декриминализацијата на употребата на канабис како елиминирање на кривичните дела поврзани со употреба на канабис и поседување на канабис за лична употреба, односно  преместување на фокусот на политиките од полициско – судскиот систем кон здравствено – социјалниот систем. Депенализацијата се однесува на ситуација во која постои кривична или прекршочна одредба, но преку воспоставената пракса институциите применуваат поблага санкција, опомена, предупредување или друга слична административна мерка или го одлагаат казнувањето. Легализацијата пак, се дефинира како регулирање на околностите во кои употребата на канабис нема да се смета за казниво дело, односно утврдување на критериумите под кои може да се произведува, набавува, продава и користи канабисот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ