• Latest
A general view show European Union leader taking part in an EU summit at the European Council building in Brussels, Belgium, 17 July 2020. EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред Ковид-19, економското опоравување, миграциите и надворешните односи

June 24, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред Ковид-19, економското опоравување, миграциите и надворешните односи

June 24, 2021 10:12
in СВЕТ
A general view show European Union leader taking part in an EU summit at the European Council building in Brussels, Belgium, 17 July 2020. EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

A general view show European Union leader taking part in an EU summit at the European Council building in Brussels, Belgium, 17 July 2020. EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе го започнат дводневниот Самит, последен под претстедателство на Португалија, на чиј дневен ред се прашања поврзани со состојбата со Ковид-19, економското опоравување во посткорона периодор, миграцијата и надворешните односи, пред сè со Турција и Русија.

Самитот почнува попладне и на стартот е предвидено лидерите на ЕУ да имаат работен ручек со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на кој ќе разменат мислења за глобалните предизвици и геополитичките прашања.

„Опоравувањето од пандемијата со Ковид-19, како во ЕУ, така и во светот, ќе биде клучна тема. Успешната кампања за вакцинација што е во тек низ цела ЕУ, заедно со лансирањето на дигиталниот ковид-сертификат, ќе го олесни слободното движење во текот на летните месеци и пошироко. Сепак, треба внимателно да ги следиме варијантите и да го спречиме нивното ширење на координиран начин“, се наведува во поканата за Самитот упатена до лидерите на ЕУ.

Во делот на стратегијата за постковид економското заздравување, на средбата ќе стане збор за имплементацијата на планот „Следната генерација на ЕУ“, како и за националните планови за закрепнување, зелените и дигиталните транзиции на Унијата, како и за плановите за раст на блокот во следните децении.

Предвидено е учесниците на Самитот да говорат за прашањата со миграцијата и состојбата на различните рути по кој мигрантите се упатуваат кон ЕУ.

„Нашата цел продолжува да биде да спречиме загуби на животи и да го намалиме притисокот врз границите на ЕУ. Затоа, ќе се фокусираме на надворешната димензија, со цел зајакнување на нашата соработка со земјите на потекло и транзит. Треба да спроведема акција што брзо ќе донесе резултати“, се додава во поканата.

Што се однесува до меѓународните прашања, лидерите на ЕУ ќе се разговараат за односите на блокот со Турција и Русија, за состојбата во Белорусија, како и за случувањата во Либија, реонот на Сахел и Етиопија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е лидерите на ЕУ да се сретнат со првите луѓе на Европската централна банка и Еврогрупата, при што ќе разговараат за поттикнување на силно и одржливо економско закрепнување, за пазарите на капитал, како и за координација на политиките во Еврозоната.

Прашањато за проширувањето за ЕУ со земјите од Западен Балкан не е на официјалниот дневен ред на Самитот, откако во вторникот на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) Бугарија не отстапи од својот став за околу ветото за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. По ваквата одлука на ГАК, португалската државна секретарка Ана Паула Закариаш, која претседаваше со состанокот, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлогот на Португалија.

„Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции“, рече Закариаш во вторникот алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржа истито ден во Луксембург со Србија и Црна Гора.

Закариаш на прес-конференција по состанокот не одговори на прашањето дали лидерите на ЕУ на Самитот што почнува денеска ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, како и дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија.

Сепак, како што јави дописничката на МИА од Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, се очекува на маргините на Самитот, некои земји да се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го промени ставот на Бугарија.

Во вторникот и шефот на дипломатијата Бујар Османи оцени дека можноста да се добие почеток на преговори за членство на Самитот на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, но потенцира дека претседателот Радев има целосен политички мандат и можност да го повлече ветото, односно на лидерската средба да се донесе одлука за страт на пореговорите.

„Не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни, посочи Османи, додавајќи дека се јасни ставовите на останатите 26 членки, за неоправданоста на ставот на Бугарија и сметаат дека Северна Македонија одамна ги има исполнето условите и е крајно време да ЕУ да испрати јасна пораката кон регионот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ