• Latest

„Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“ – втор регионален мастерклас за жени од е-трговија од Балканот

June 24, 2021
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Протечена снимка открива како поранешниот шеф на израелската воена разузнавачка служба вели дека смртта на 50.000 Палестинци во Газа е „неопходна“

August 18, 2025

Новиот премиер на Република Српска ќе биде неуставен ако го предложи Милорад Додик

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео споделено од Игор Сушко на Х

(ВИДЕО) Руската пропаганда, само неколку дена по самитот Трамп-Путин, споделува видео од американско оклопно возило со руски и американски знамиња во напад на украинските позиции

August 18, 2025
Трамп и украинскиот претседател Зеленски во Овалната соба, 28 февруари 2025 година. Фото: Скриншот од ЈуТјуб каналот на The White house

Разговорите во Вашингтон би можеле да се покажат како поважни за иднината на Украина од самитот Трамп-Путин

August 18, 2025

(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

August 18, 2025
Фотографија: ВИ

Предизборна и изборна кампања – што е што во изборен контекст

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Газени, претепани, заплашувани: Сведоштва од протестите во Нови Сад и Белград за N1

August 18, 2025
Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар и премиерот Виктор Орбан во 2024 година
Фото: Европска Унија

Унгарскиот опозициски лидер упати протест до рускиот амбасадор во Будимпешта со барање Москва де не се меша во унгарската политика

August 18, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

August 18, 2025
Фото: Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: И покрај целата дипломатија и напорите за мир, рф продолжува да убива цивили

August 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“ – втор регионален мастерклас за жени од е-трговија од Балканот

June 24, 2021 13:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“  е темата на вториот регионален Мастерклас за жени од е-трговија од Балканот, што ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули во виртуелен формат. Мастеркласот е дел од eTrade for Women иницијативата на УНКТАД (Телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој).

Настанот се организира под водство на Нина Ангеловска, која е назначена за УНКТАД Амбасадор за e-трговија за Балканот, а во коорганизација на УНКТАД и Асоцијација за е-трговија на Македонија каде Ангеловска е претседател. Тој е дел од серијалот „eTrade for Women Masterclasses“, кој се организира низ целиот свет, во соработка со жените – амбасадори за е-трговија на УНКТАД.

– Регионалниот Мастерклас има за цел на едно место да собере 100 жени – дигитални претприемачи кои управуваат со дигиталната економија на Балканот (Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија) и да им даде шанса да ги унапредат своите вештини и да се запознаат со други успешни жени од регионот, наведува во најавата за настанот Асоцијацијата за е-трговија во Македонија АЕТМ.

Првиот ден од Мастеркласот ќе биде во „конференциски стил“, каде што сите учесници ќе можат да научат релевантни работи од еминентни говорници и експерти поврзани со е-трговијата преку keynote презентации. Во првиот ден од агендата ќе можат да се проследат и панел дискусија на високо ниво за креирање на политики во е-трговија, во која ќе учестуваат претставници од УНКТАД, од Холандската амбасада во земјава, од албанското Министерство за финансии и економија, претседателот на АЕТМ и претставник од приватниот сектор од Србија, како и неформален „Fireside” разговор со Нина Ангеловска, кои ќе бидат достапни за целата јавност, во живо, преку социјалните профили на АЕТМ и УНКТАД.

Вториот ден од Мастеркласот ќе биде т.н. „интерактивен ден“, посветен на интерактивни сесии за учење, како и на сесии за меѓусебно запознавање за учесниците и презентирање на нивните бизниси, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ