• Latest

СДСМ не ја исклучува можноста во јули да објави неколку од кандидатите за градоначалници

June 28, 2021
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

СДСМ не ја исклучува можноста во јули да објави неколку од кандидатите за градоначалници

June 28, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е исклучено СДСМ да објави неколку кандидати за градоначалници во текот на јули, но генерално тоа ќе биде направено во август, изјави денеска премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

– Значи, генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули да објавиме неколку кандидати каде што веќе анализите ќе бидат завршени, рече Заев на настан во скопско Волково, Општина Ѓорче Петров.

Според него, најважно во целиот овој период е партијата да направи вистинска селекција на кандидатите затоа што тоа се избори на личности.

– Партиите имаат важност, но многу мала. Самите личности за советнички кандидати – советници, за градоначалнички/ци се доминантно пресудни во самата таа одлука, вели Заев.

Врз основа на Правилник и роковник на СДСМ, одлуките треба да се донесат на крајот на август, затоа што во првата половина на септември се доставуваат до ДИК.

– Но, ако донесеме и претходно одлуки коишто ќе значат завршени истражувања, завршени анализи, нема што да чекаме и ќе ги објавиме да знаат граѓаните и да имаат доволно време да направат внимателна анализа, за какви личности се работи, нивните предности и слабости и преку тоа да оформат свој став за нивното одлучување, рече Заев.

Премиерот не потврди дека актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски, повторно ќе биде кандидат за оваа општина, нагласувајќи дека мора и тој да мине низ анализа и истражувања.

– Ние сме социјалдемократи и солидарноста и другарството е важно, но прв приоритет на сите ни е победата. Зошто? Затоа што така победуваат граѓаните. Мораме да направиме анализи и истражувања. Нашите градоначалници се наши фаворити. Секаде го кажувам тоа. Зошто? Заради тоа што сами реализираа многу проекти во период кога имавме покрај локалните избори референдум, претседателски избори, парламентарни избори, пандемијата се случи, сето ова што е сменет лик на општините и на државата е главната причина да даваме поддршка. Но, тоа сме само ние дел од општествениот амбиент. Очекуваме низ анкети граѓаните пред се да ни кажат навистина што тие преферираат и тоа ќе ни биде водилка, а сите можеме да бидеме корисни во форма на кандидати, но и секако извршувајќи и други општествени функции, па дури и враќање во приватните институции, рече Заев.

Наумовски, пак,  рече дека анкетата е математичка операција.

– Ако се сеќавате јас и 2013 бев кандидат во тоа едно време – невреме, каде што знаете и каков беше резултатот, беа очигледни неправилностите. 2017 беше тоа фер направено од страна на партијата со анализи, со сондажи, преку анализа не само на членството, туку и на граѓаните во Општината и дај боже да има и повеќе кандидати, сите да се споиме и да го поразиме повторно ВМРО-ДПМНЕ, а во тоа сум сигурен, рече актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров.

Запрашан да ги коментира тврдењата на опозицијата дека се набавени две машини за перење по нереална цена, Наумовски рече дека тоа е лажна вест, повикувајќи се на соопштение на градинката.

– Очигледно е дека во немоќ на информации, во немоќ на проекти реагираат така. Сакаат генерално да ни го срушат рејтингот во Ѓорче Петров со такви вести. Јас ќе се повикам на соопштението на градинката, каде што градинката е самостојна во делот на набавките, а инаку за ваше потсетување 90 проценти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа министри, премиери од Ѓорче Петров, а не оставија камен на камен, така што очигледно е дека им смета работата и развојот на Ѓорче Петров, рече Наумовски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ