• Latest

Заев: Се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, продолжуваат напорите за повлекување на бугарското вето

June 28, 2021
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, продолжуваат напорите за повлекување на бугарското вето

June 28, 2021 12:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, а следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, согласно праксата на Унијата, иако на 6 октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ.

– Знаете, во такви предизвици кога се случија уставните промени, ги направивме сите реформи дома и навистина тоа стопроцентно беше потврдено, заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори и отидовме на избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат – остануваме на европскиот пат или ќе разработиме други варијанти. Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси еве јас добив чест и одговорност повторно да ја водам македонската Влада. Сега мислам дека нема потреба, заради тоа што не е во ред – секоја година се одлучува од страна на ЕУ и секоја година не е рационално да се оди на избори, изјави премиерот Зоран по отворањето на нова спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково. 

Во однос на разговорите со Софија за деблокада на нашите евроинтеграции, тој се согласи со коментарите на министерот за надворешни работи Бујар Османи и нагласи дека важна работа е дека се потврди оти не се преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет и оти продолжуваат напорите за повлекување на ветото од Бугарија.

– Тоа го соопшти и бугарската страна, затоа што тоа е предвидено во преговарачката рамка и таму стои „преводот на акито ќе биде на македонски јазик“. Точка. Тоа е важно прашање. Тоа беше за нас најважното. Секако, важно е и Бугарија да ја тргне блокадата. Не би чекал јас октомври затоа што секоја година на крај на претседателството се носат одлуки. Гледате сега во јуни, следното е во декември. Според мене, декември е следната одлука, иако на 6 октомври има закажано самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ. Но, изгорени сме неколку пати, и јас и нашиот народ, и не би ги кревал надежите за 6 октомври, затоа што нема логика, имајќи предвид дека ваквите одлуки Европскиот совет и Советот за општи работи ги носат на крајот на полугодието кога завршува претседавањето на одредена земја. Сега е Словенија од 1 јули и верувам дека Словенија исто така ќе покаже сериозен фокус по ова прашање. Јас реков, ние продолжуваме. Продолжуваме со напори, со обиди знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори, надевајќи се дека час поскоро ќе продолжи европеизацијата низ европските механизми, а тоа се поглавјата затоа што европеизацијата се случува секој ден во нашата земја и ние друга алтернатива од тоа немаме. Убеден сум дека низ поглавјата е тоа вистинското кое што треба да се случи и затоа ќе продолжиме да правиме и понатаму напори, но моите очекувања се декември оваа година, вели Заев.

За патоказот, премиерот Заев посочи дека во него на 18 страници се содржани буквално сите аспекти од соработката – инфраструктурата, економијата, спортот, култура, образование, одбраната. Тој нагласи дека таквиот предлог за соработка во форма на патоказ бил сугерирано од португалската иницијатива, а Бугарија го прифати тоа.

– Во самите точки нема ништо проблематично, секако обврската е на двете страни, не само на нашата, за побрза и поефикасна имплементација на Договорот за соработка, пријателства и добрососедство. Тоа е всушност преземање на обврските… Овој документ беше даден во случај на „зелено светло“, затоа овој пат навистина сакаме да знаеме колку сме сериозни, и ние, но и Бугарија, рече Заев.

Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.

– На 11 јули се изборите во Бугарија. Нивниот уставен рок е пократок од нашиот и реално очекуваме до крајот на јули, барем да биде извесно која ќе биде Владата. Контактите ќе продолжат на ниво на работни групи. Ние континуирано и ги одржуваме и преку тие работни групи се мотивираат институциите, кои што потпишуваат договори многу често. Националните агенции за информации потпишаа договори, за патишта потпишаа, за железници и многу други институции. Тоа треба да го правиме и со Бугарија и со сите наши соседи, но дефинитивно за да продолжат политичките контакти треба да ги почекаме изборите, затоа што по Уставот претседателот ги има тие надлежности кои што ги има и нашиот претседател, Владата е таа која одлучува, така што верувам дека крајот на јули почетокот на август ќе можеме да ги возобновиме политичките контакти, вели Заев.

Во однос на македонското малцинство, Заев посочи дека принцип на ЕУ и на секоја земја кандидат е дека не се меша во внатрешните работи, вклучително и за малцинските прашања, бидејќи тие се решаваат пред Судот во Стразбур и во рамки на меѓународните договори и „очекува и Бугарија реципрочно да постапува така затоа што тоа е европски“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ