• Latest

Џафери : Одложувањето на датумот сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во Северна Македонија

June 28, 2021
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери : Одложувањето на датумот сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во Северна Македонија

June 28, 2021 15:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Без одложување треба да се одреди датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, со која ќе го означиме формалниот старт на преговорите за Република Северна Македонија. Секое одложување сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во нашата земја, но и ќе има свое влијание и на останатите земји во регионот кои споделуваат исти или слични отворени прашања со своите соседи,  истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент во Брисел.

Република Северна Македонија, посочи Џафери, во изминатата декада се најде во еден исклучително сензитивен период, на внатрешен и на надворешен план. Во однос на европските интеграции, земјата постигна импресивен напредок во приоритетните области, кој од темел промени одредени сектори во нашето општество и значително ги унапреди односите со соседите за надминување на отворените прашања. Таа посветеност, како што рече, придонесе за добивање зелено светло од страна на Советот на ЕУ за отпочнување на преговори за членство.

-За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Република Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди, рече Џафери.

Претседателот на Собранието нагласи дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство.

-Доколку сме перцепирани како регион кој произведува повеќе историја отколку што може да ја консумира, не смееме да дозволиме таа историја да ја проголта иднината на новите генерации за кои главните животни постулати се базираат на развиена економија, повеќе работни места, дигитална технологија, здрава животна средина, образование и иновации, слободен проток на лица, капитал и услуги. Вложивме премногу жртва, време, енергија и политички поени за да го испорачаме ветеното, не само поради барањата на европските институции, туку и заради фактот што процесот на проширување се покажа дека е двигател на реформите во сите пори на нашето општество, рече Џафери.

Европратениците известувачи за земјите од Западниот Балкан, пред Комитетот побараа од ЕУ Северна Македонија и Албанија да добијат датум за меѓу владина конференција и тоа да се реши во словенечкото претседателство. Беше нагласено дека тоа што се случува во земјите од Западен Балкан се прелева и во земјите од ЕУ.  Исто така беше нагласено дека е потребно тргање на визите на Косово, д продолжат разговорите со Србија, побрзо отворање на поглавјата со Црна Гора, како и подобро решение за БиХ, но оти за оваа земја е појдовно основа тамошниот устав, што треба да биде за сите граѓани.

Европратеникот Анреас Шидер истакна дека многу е важно за ЕП заедно со парламентите од регионот да се држат до агендата за Западниот Балкан, затоа што тоа е многу важна агенда за ЕУ.

-Што се однесува до Северна Македонија, можам со задоволство да кажам дека продолжуваме да работиме заедно онлајн и со нетрпение чекаме да продолжиме со соработка во живо, во рамките на Жан Моне дијалогот. За нас во ЕП многу е битно да се даде зелено светло за преговорите и за Северна Македонија и за Албанија и навистина би сакале тоа да се случи во блиска иднина. Затоа што мислиме дека целиот процес доцни. Тоа значи не само да се даде поддршка за завршените реформи туку и да се даде надеж и поддршка за реформите што претстојат, рече Шидер.

Во име на постојаниот известувач за Северна Македонија зборуваше словенечкиот европратеник Клемент Грошељ, кој истакна дека ЕП секогаш го поддржувал процесот за проширување.

-Тој има стратегиско значење за ЕУ и јасен доказ е неговата помош за развојот, но она што е потребно е поддршка за реформите на владеењето на правото, демократијата и судството. Тоа е она што го бараат европските граѓани – кредибилитет. И не само да се отвораат поглавјата туку да се воспостави добросостојба за сите граѓани на ЕУ и граѓаните на Западниот Балкан. На тој начин ќе може да се намалат разликите што постојат и да се забрза процесот на проширувањето, рече Грошељ.

Дадовме, потенцираше словенечкиот европратеник, поддршка за многу процеси, но „нема потреба да се враќаме во историјата“.

-Меѓутоа нонпејперите што беа дистрибуирани се само еден вид на огледало на духовите од историјата, а историјата никој не ја сака. Секој сака иднина. Сакаме реформи, сакаме Западен Балкан што ќе биде оплеменет со вредностите на ЕУ, рече Грошељ.

Зборуваа и бугарските европратеници европратеник Ангел Џамбаски и Александар Александров Јорданов, кои ги бранеа бугарските позиции во прашањето за разговорите со Северна Бугарија.

Европратеникот Џамбаски рече дека Западниот Балкан е дел од ЕУ, а земјите пред да влезат во ЕУ мора да направат одредени важни реформи.

-Има повеќе проблеми кои се од минатото. Има и поранешни тоталитарни режими кои владееја во регионот. Сега има промена и време е да се престане да се зборува за тоталитарни режими. Зборувам за Северна Македонија и за Република Србија. Човековите права, правата на самоопределување се многу важни. Во Северна Македонија Бугарите се посочуваат со прст како непријател и има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како татари. Во Северна Македонија ја гледаме југословенската пропаганда, почитување по Тито и за неговите болшевички и античовечки политики. Да ве потсетам дека имаше концентрациони логори кои ги водеше Тито во Македонија и многу Бугари беа жртви. Тоа треба да се признае и треба да се осуди, рече Џамбаски.

Крајно време е, смета тој, дека да се наградат заложбите на Албанија. Зборувајќи за обраќањето на претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, рече дека тој со години „полагаше на диктаторот Милошевиќ“.

-Тој рече дека Бугарија извршила злосторства во Северна Македонија, не знам што мисли зашто Бугарите биле пречекувани како ослободители во Македонија, рече Џамбаски прашувајќи го кога Србија ќе ги отвори досиејата на разузнавачките служби и кога Србија ќе ги осуди злосторствата што биле извршени против луѓето во поранешна Југославија.

-Сакате да влезете во ЕУ? Тоа си има цена, рече бугарскиот пратеник.

Европратеникот Александров Јорданов рече дека Северна Македонија одбива и ја блокира работата на историската комисија формирана по формирањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој додаде дека ги слуша забелешките на своите колеги дека треба да се изврши притисок врз Бугарија, но, како што рече, „притисок не е европска вредност“.

Пред Комитетот за надворешна политика на ЕП денеска свои обраќања имаа претседателите на парламентите на шесте земји од Западен Балкан, кои исто така по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествуваат на Самитот на претседатели на Парламенти: „Европски парламент – Западен Балкан“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ