• Latest

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

June 28, 2021
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ подготвува план за користење на 176 милијарди евра замрзнати руски средства за заем на Украина

October 22, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

June 28, 2021 15:29
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 13 јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра – заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Од МЖСП, брифираат дека во тек е и постапка за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија за влијанието врз животната средина и дека до 2022 година се очекува да се започне со изградба на инфраструктурата за регионални депонии во Полог, Јужниот и Северозападниот регион.

Во оваа фаза ќе се гради само инфраструктура за самите депонии, како и набавка на камиони за собирање на отпадот, додека во втората фаза според планот, се предвидува и обезбедување на услови за преработка и селекција на отпадот.

За средствата од најавената еколошка такса, од МЖСП велат дека ќе бидат наменети за инвестирање во обновливи извори на енергија во ЕСМ, како и мотивирање на граѓаните за користење почист транспорт преку субвенции за хибридни, плаг-ин и целосно електрични возила. Неофицијално се размислува за субвенционирање од 3 до 4 илјади евра за набавка на вакви нови возила, со цена до 22 илјади евра. Паралелно со ова, би можело и да се се забрани и увоз на возила под Евро 5 стандард.

Проблемот со ниското ниво на водата на Преспанското Езеро ќе се разговара на високо ниво во рамки на првата Преспа трилатерална средба, што треба да се одржи онлајн меѓу министрите за животна средина од Северна Македонија, Албанија, Грција и претставник од ЕУ. Идејата, како што информираа на брифингот, е да се изработи акциски план за заедничко менаџирање Преспанското Езеро. Сето ова е во рамки на Договорот за Преспа парк од 2010 година.

За надминување на проблемот со УНЕСКО за Охридското Езеро, од МЖСП брифираат дека се работи на привремена заштита на Студенчишко блато, ре прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и дека се бараат средства за изградба на канализација во Радожда и чистење на Сатеска Река.

Од МЖСП посочуваат дека во Собранието се наоѓаат вкупно 16 закони, кои се предложени од ова Министерство, од кои едниот е во собраниска процедура веќе цели 18 месеци. Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, во таа насока, од МЖСП, брифираат дека се очекува во Собранието да биде изгласан во текот на оваа недела.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ