• Latest

Самит „ЕП – Западен Балкан“: ЕУ да ги исполни ветувањата и да го забрза процесот на проширување

June 29, 2021
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Самит „ЕП – Западен Балкан“: ЕУ да ги исполни ветувањата и да го забрза процесот на проширување

June 29, 2021 10:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на парламентите од земјите на Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на португалскиот и словенечкиот парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија, вчера во рамките на Вториот самит „Европскиот Парламент – Западен Балкан“ потпишаа заедничка декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување.

„Нагласуваме дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ, потсетуваме дека проширувањето останува повеќе од кога било геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа“, се потенцира во декларацијата.

Претседателите на парламентите ја потврдуваат централната улога на парламентите во процесот на проширување, како и посветеноста на заедничката соработка за понатамошно зајакнување на парламентарната димензија, вклучително и во поглед на Самитот ЕУ-Западен Балкан во 2021 година.

„Нагласуваме дека парламентите треба дополнително да ја унапредат својата улога како инклузивни простори за дијалог и размена на ставови, поттикнувајќи меѓусебно разбирање и помирување на Западен Балкан, со што директно придонесуваат за мирот, стабилноста, напредокот и посилната демократија во регионот“, се наведува во заедничката декларација.

Парламентите се обврзуваат на унапредување на култура на меѓупартиски дијалог и консензус во клучните реформски области, вклучувајќи владеење на правото, фундаментални права и зајакнување на демократските институции со цел да напредуваме на нашиот европски пат, се нагласува дека независноста на судството, плурализамот, слободата на медиуми, родовата еднаквост и инклузивниот пристап кон граѓанското општество се суштинските европски вредности кои што треба постојано да се поддржуваат и ја истакнуваме важноста на борбата против дезинформации и лажни вести кои го загрозуваат мирот и заемното разбирање во и меѓу општествата.

„Ја обновуваме нашата заложба за зајакнување на парламентарната демократија работејќи заедно преку меѓупарламентарни дијалог и користејќи ја поддршката на Европскиот Парламент во областа на медијација и дијалог, градење на парламентарни капацитети, набљудување на изборите и активности за човекови права“, стои во документот.

Во декларацијата се изразува благодарност за делата на солидарност и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во борбата против пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици, а се поздравува и, како што се наведува, досега невидената финансиска поддршка од ЕУ во корист на Западен Балкан, што ги потврдува напорите на Унијата да придонесе за одржлив развој и долгорочно социо-економско закрепнување на регионот.

Во декларацијата се нагласува важноста на функционалната пазарна економија и заедничкиот регионален пазар како камен – темелник на социо-економската отпорност и Европската интеграција на целиот Западен Балкан, се искажува посветеност за олеснување на спроведувањето на Економскиот инвестиционен план за Западен Балкан на ЕК, како и иницијативите одобрени во Софија, во ноември 2020 година – основата за Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и зајакнувањето на дигитализацијата, младинската соработка – со цел да се обезбеди одржлив економски развој и да се постигнат европските стандарди.

„Ги препознаваме предизвиците кои ги предизвика пандемијата со КОВИД-19 во секојдневното функционирање на Парламентите и ја поздравуваме еластичноста и капацитетот за прилагодување на нашите институции. Подвлекуваме дека најважно е што нашите Парламенти ја сочуваа својата улога во време на пандемија и во времето по пандемијата преку целосно извршување на нивната улога во законодавството, истрага и надзор“, се посочува во декларацијата.

Се нагласува важноста од вклучување на претставници на Парламентите, граѓанското општество и граѓаните на Шестката од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

Парламентите со Декларацијата се обврзуваат да се вклучат и заедно да работат во насока на унапредување на законодавството и градење на капацитетите на релевантните комисии за следење на заштитата на животната средина, усогласување на законодавството со ублажувањето и прилагодувањето за климатски промени во согласност со Парискиот договор и Европскиот зелен договор, еднакво да се посветат на зголемувањето на еластичноста на регионот на Западен Балкан во однос на климатските промени со намалување на штетните практики, спречување на загадувањето и деградација на реките и морињата и спроведувањето на строгите политики за заштита на биодиверзитетот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ