• Latest

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

June 29, 2021
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

June 29, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, порача Пендаровски.  

„Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам, во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност.

Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на Обединетите Нации, или по конфликтот во 2001-та, кога бевме домаќини на три операции на НАТО, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но, во 2002-та, тоа стана реалност. Од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста. Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.

Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно. Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД. Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба.

По завршувањето на ИСАФ во 2014-та, продолживме со учество во новата мисија на НАТО, Решителна Подршка, во која нашите војници и старешини работеа заедно со силите на САД, Турција, Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка, како и во А5 форматот. Во двете мисии, нашата армија учествуваше со над 3300 луѓе, од кои околу 190 беа припаднички на женскиот пол.

Контингентите за кои зборуваме, можеби се чинат мали во однос на вкупната бројка на ангажирани сили која во некои периоди во Авганистан изнесуваше и над 150.000, но, се големи во релативна смисла имајќи предвид дека еден период Северна Македонија беше четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население. А, бројката од повеќе од 3300 припадници изнесува скоро половина од вкупната бројност на нашата армија. Самата бројка е многу позначајна ако се земе во предвид и нејзината структура која секогаш го одразуваше етничкиот состав на нашето население и дека нашите војници, заедно со нашите партнери, споделуваа исти вредности на слобода и демократија.

Вие со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Ако како држава веруваме дека сите луѓе се родени слободни и еднакви, не можеме да бидеме достојни на нашите зборови и верувања, ако не ги браниме тие вредности било каде во светот каде што има потреба.

Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија. Голема благодарност и до нив!

Верувам дека искуството стекнато за време на вашиот ангажман во оваа мисија од вас направи не само подобри војници, туку и подобри луѓе. Посакувам и во иднина да продолжите да ја претставувате својата татковина, својот народ и достоинството на нашата армија во најдобро можно светло, каде и да сте“, изјави Пендаровски во своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ