• Latest

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025

June 30, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025

June 30, 2021 12:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструктуирана според новата кластерска методологија за пристапни преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, може да стави вето на почетокот на пристапните преговори, усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓу владина конференција, меѓутоа никој не може да ни стави вето на домашната реформска агенда – Европеизацијата мора да продолжи.

– Програмата ќе се претстави и следи и во Собранието. Треба да докажеме дека имаме стабилна демократија и дека ориентацијата и динамиката нема да ја менуваме со секои избори, изјави Димитров.

НПАА ги дефинира стратешките правци, приоритетите, динамиката и потребните ресурси и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Нејзината подготовка е со активно учество на околу 800 државни службеници од преку 150 државни институции.

– Клучна цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија за целосна европеизација или потполно членство во ЕУ. Политичката порака и тежина на НПАА е многу поголема од самиот документ. Со програмата 2021-25, прво покажуваме дека сме ориентирани кон европеизација на државата преку премостување препреки и дека знаеме точно што правиме. Второ, демонстрираме дека сме сериозни и одлучни во намерата да се менуваме. Трето потврдуваме способност, капацитет и верба во сопствените институции како тоа ќе го направиме и четврто проектираме визија и политички хоризонт подалеку од следните избори, појасни Димитров.

Првата НПАА е подготвена и усвоена во 2005-06 година и од тогаш редовно се врши нејзина ревизија. Последната ревизија на програмата е направена во 2017 година.

– Актуелната ревизија на НПАА битно се разликува од сите претходни. Прво, затоа што во март 2020 година земјите членки на ЕУ донесоа одлука за почеток на пристапните преговори. Во таа смисла се очекувањата дека земјата ќе биде поголема во амбициите и ќе носи подобри стратешко дефинирани цели. Второ, затоа што процесот во иднина ќе се движи според правилата на Новата методологија за зајакнати пристапни преговори, со посилен политички инпут и значително зголемен интерес од земјите членки. Трето, затоа што ова е првпат НПАА да биде целосно преструктуирана според новата кластерска структура и тоа, не само технички, туку и суштински, нагласи Димитров.

НПАА, посочи Димитров, е жив документ што ќе се надградува – најверојатно првата поголема ревизија ќе биде по одржувањето на билатералниот скрининг.

Програмата е соодветно прилагодена преку групирање на поглавјата во шест кластери или стратешки области. Кластер 1 – демократија и добро владеење, Кластер 2 – внатрешен пазар, Кластер 3 – конкурентност и инклузивен раст, Кластер 4 – зелена агенда и одржливо поврзување, Кластер 5 – земјоделство, ресурси и кохезија и Кластер 6 – надворешни односи.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ