• Latest

Прва меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог

July 1, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прва меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог

July 1, 2021 10:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надградбата на пристапувањето кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, туку и во регионот, но и во ЕУ, се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на Унијата да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува за да се заокружи проектот за обединета Европа, е темата околу која ќе се одржуваат панел дискусиите на Првата меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог.

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот се акредитирани над 100 домашни и странски новинари.

Учесниците на Конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од Конференцијата, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.

Конференцијата, низ различни предвидени содржини и панели ќе го обработува Западниот Балкан, дали е тоа гледано низ призмата на помирувањето и градењето на доверба меѓу нашите народи, дали е низ призмата на трансатлантските релации, преку економската соработка, конекциите со цивилното општество и медиумите, родовиот сензибилитет за овие важни процеси. Има и посебен панел што ќе биде првиот кој ќе се пренесува на платформата на Унијата за Конференцијата за иднината на ЕУ, што впрочем е премиера на регионот во оваа дебата и тоа во соработка со Службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Официјалното отворање на конференцијата ќе биде денеска попладне во Охрид. Ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници на отворањето ќе бидат поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, поранешната висока претставничка за надворешна политика и одбрана на ЕУ Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа и еврокомесарот Јоханес Хан.

На официјалното отворање на првиот ден од конференцијата му претходат панели посветени на повеќе теми, економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регионот и во процесот на европската интеграција, панел посветен на патот до Европската Унија, градењето дијалог доверба преку дијалог, кои ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, кога по завршувањето на панелите во 13:30 часот е предвидена прес-конференција за медиумите.

Паралелно со панелите во Охрид, во Отешево денеска темата се младите. Таму ќе се говори за значењето на гласот на младите во зајакнување на регионалната соработка, како и младинската визија за иднината на Југоисточна Европа. Во текот на утрешниот ден

На Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог присутни ќе бидат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, Северна Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот – на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, на Србија, Ана Брнабиќ и на Косово, Албин Курти, како и на осум министри за надворешни работи – од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот Парламент. Од Франција како гости и учесници ќе бидат специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан, сенаторот Алан Ришар, како и пратеникот Жак Мер.

Присутен ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената „Охридска група“. На највисоко можно ниво ќе бидат претставени и ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста, демократијата овде на Балканот.

Поранешниот грчки премиер Ципрас неодамна во интервју за МИА дадено по повод тригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор истакна дека пораката што ќе ја испрати на оваа конференција е дека двете земји стигнале далеку, но заедно можат да одат уште понапред.

– Пораката е дека стигнавме далеку, но заедно можеме да одиме уште понапред. Секако, мислам на нашите две земји, но и не само на нив. Сметам дека Преспа форумот е многу позитивна иницијатива и затоа што духот на Преспа се однесува на целиот наш регион, на Европа и многу пошироко, на секој регионален спор и разлика. Треба да продолжиме да ги истакнуваме важноста и придобивките што ги има решавањето на разликите базирано на меѓународното право, за мирот, стабилноста и заеднички развој. И треба, уште еднаш да ја инспирираме, но и да ја убедиме Европската Унија да ја зајакне нејзината улога во оваа насока. На Балканот и пошироко, порача Ципрас во интервјуто со дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при најавувањето на Конференцијата истакна дека ова е далеку најголем настан што сме го организирале, кој претставува предизвик од секаков аспект, од организационо-технички, протоколарен, па се до политички.

– Да се биде домаќин на највисоките гости од регионот од Европа и од САД. Амбициозна конференција од меѓународен карактер со навистина импресивна листа на поканети гости од кои голем број веќе го потврдија своето присуство. Меѓу нив се речиси поголемиот број од премиерите во регионот, секако министри за надворешни работи, министри за економија, министри за финансии итн., претставници на ЕУ, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионални иницијативи, претставници на земји членки на Унијата, претставници на САД, изјави Османи.

Од Конференцијата, која, како што рече ќе биде богата и во идеите и иницијативите, се очекуваат политички насоки или препораки, кои ќе може да послужат и како основа за други иницијативи, основа за континуитет на оваа платформа, но и порака кон ЕУ и трасатлантската заедница.

Османи во однос на најавеното присуство на генералниот директор на бугарското МНР и пораката која се праќа со нивото, рече дека тоа што е важно, е дека има претставник од Република Бугарија и тоа зборува за важноста на оваа Конференција, а тоа е да се даде почит на автентичната приказна, што ја создаде Република Северна Македонија.

На конференцијата вчера и претходеше новата регионална иницијатива Б6, која стартуваше од Охрид, на иницијатива на Османи. Тој вчера беше домаќин на министрите за надворешни работи и нивни претставници од регионот.

Целта на новата регионална иницијатива Б6, како што информираат од МНР, ќе биде министрите за надворешни работи од регионот да се консултираат едни со други пред разни состаноци преку што ќе имаат поголемо влијание врз прашањата од заеднички интерес. Иницијативата е замислена како политичка платформа наменета за продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот, налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4

Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог во живо ќе се пренесува преку Јутјуб каналите на Преспа Форумот, преку социјалните медиуми и ќе се спроведува согласно сите здравствени протоколи во врска со ковид мерките, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Конференцијата е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ