• Latest

Бизнис панел на Преспа форум: Побрз развој и интергација на регионот преку држави без царини и без тарифи

July 1, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бизнис панел на Преспа форум: Побрз развој и интергација на регионот преку држави без царини и без тарифи

July 1, 2021 11:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во регион со 80 милиони жители потребно е да разговараме за градењето на нашата иднина заедно. Регионалната конкурентност ќе ја зајакне отпорноста на регионот и ќе донесе просперитет за нашите граѓани. Создавањето на заеднички пазар на трудот, ќе донесе просперитетна иднина на економиите и истовремено ќе ги подготви за влегување на високо конкурентниот европски и глобален пазар.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на сесијата за економија и бизнис насловена „На патот кон подобра поврзаност и интегриран регионот – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?” во рамки на Првата меѓународна конференција на „Преспа форум за дијалог“ во Охрид.

На форумот се обрати и министерот за финансии Фатмир Бесими се осврна на влијанието на пандемијата  од Ковид 19, која рече имаше и позитивни ефекти во градењето на свеста на национално и регионално ниво дека за справување со неа потребен е глобален заеднички одговор.

-Иако имаше мало задоцнување, дадовме релативно добар одговор на самиот Ковид, тоа беше така затоа што сите меѓународни организации беа респонзивни, соработуваа, а политиките што се спроведуваа беа заеднички. Ова е јачината на заедништвото и ова е тоа што го очекуваме од оваа конференција, размена на мислења и гледања за иднината, како да стигнеме таму. Патот до таму  води преку зајакната соработка и слободен проток, рече Бесими.

Мајлинда Брегу генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС) на форумот обраќањето го почна со среќен 1 јули, поздравувајќи го укинувањето на роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Се осврна на формирањето на заедничкиот регионален пазар по моделот на пазарот на ЕУ втемелен на четирите основни слободи( на капитал, стока, услуги и пари), на дигиталната агенда како и на Зелената агенда и зелената економија процеси кои треба да бидат помогнати од ИПА 3.

-Енергетскиот систем на Западниот Балкан зависи од јагленот каде повеќето од термоцентралите се стари, а 16 такви централи загадуваат многу повеќе од 250-те кои се на територијата на ЕУ. Јасно е дека земјите ќе треба да издвојуваат многу финансии за да се затворат тие рудници на јаглен. Но нејасно е каде ќе ги најдеме тие пари за овој процес на декарбонизација за што се проценува дека на ЗБ ќе му  требаат околу 38-40 милијарди. Потребно е и менување на структурата на економиите на регионот и хармонизација со пазарите на ЕУ како и повеќе зелени кредити, рече Брегу.

Антони Пешев на сесијата во контекст на придобивките за бизнис секторот од зајакната регионална соработка ја нагласи коморската соработка која вели придонесе за побрз развој и интеграција на регион, преку градењето темелите за држави без царини и без тарифи. Како илустрација посочи дека во периодот од 2014 до 2019 година регионалниот БДП пораснал за 22,8 проценти до 1,7 милијарди во 2019, вкупните инвестиции пораснале на 35 милијарди евра, а БДП по глава на жител е зголемен  за 31 процент но сепак, вели, е многу понизок од просечното ниво на ЕУ.

-Се надевам дека владите и политичките авторитети ќе ја препознаат важноста на регионалната соработка и унификацијата на целиот регион со создавање на регион без граници и без конфликти. Ова е единствениот начин со кој овој де факто географски дел од Европа ќе стане и вистински дел од ЕУ, нагласи Пешев.

Воведно обраќање на бизнис панелот имаше Метју Палмер заменик-помошник државен секретар на САД.

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ