• Latest

Западен Балкан од денеска без роаминг

July 1, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Западен Балкан од денеска без роаминг

July 1, 2021 12:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од денеска стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за  разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг.

Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за утврдување на максималните цени на роаминг-услугите во јавни мобилни комуникациски мрежи на 25 јуни 2019 година. Со неа се предвидува значително намалување на малопродажните и големопродажните цени на роаминг услугите за корисниците на електронските комуникациски услугите во роаминг кои патуваат во петте земји на Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во меѓувреме, од 1 јули 2019 година  заклучно со вчера, беше воведен преоден период во кој операторите за роаминг-услугите можеа да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Почнувајќи од денеска се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодбата, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Донесените мерки придонесоа за намалување на цените за роаминг услугите во просек од 83 процент до 99 проценти уште во првата година од  примената споредено со претходните цени на малопродажните роаминг услуги во земјите на Западен Балкан. Користењето на роаминг услуги под вакви поволности е регулирано со политики за фер користење и одржливост, пропишани од Агенцијата за електронски комуникации. Целта е да се отстранат можностите за злоупотреба, како и да се задржи одржливоста во финансиското работење на операторите.

Со Правилникот донесен од АЕК се уредени детални правила со кои треба да се обезбеди доследно спроведување на политиките за фер користење кои операторите може да ги применуваат врз потрошувачката на регулираните малопродажни роаминг услуги. Исто така, се уредуваат и детални правила за барањето на операторите кои обезбедуваат роаминг услугите да добијат одобрување за примена на дополнителен надомест за роамингот, со цел да се обезбеди одржливост на нивниот домашен модел на наплата. Се уредува и методологијата што Агенцијата треба да ја применува при процена дали операторот кој обезбедува роаминг услуги не е во можност да си ги поврати трошоците од обезбедувањето на регулираните роаминг услуги, како последица на што ќе се наруши одржливоста на неговиот домашен модел на наплата.

Според Одлуката на АЕК, од денеска операторите на јавни мобилни комуникациски мрежи во државава за роаминг услуги не можат да применуваат дополнителни надоместоци на домашните малопродажни цени за обезбедување регулирани малопродажни услуги во роаминг. Операторите може да применуваат политики за фер користење во однос на трошењето на регулираните малопродажни услуги во роаминг со еднакви цени на домашните малопродажни цени со цел да се заштитат од злоупотреби и невообичаена употреба на регулираните малопродажни услуги во роаминг, во согласност со Правилникот за фер користење и одржливост.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.  Следен чекор се активности за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Од АЕК истакнуваат дека за такво нешто е потребна волја од Европската Унија за потпишување спогодба со нас и оти држава е подготвена.

Државава има потпишано одделни меморандуми за намалување на цените на роаминг услугите и со Грција и со Бугарија, но тие не се стапени во сила.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ