• Latest

Рама: Ќе продолжиме да правиме се што се бара од нас, но одлуката за ЕУ не зависи од нас

July 2, 2021
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама: Ќе продолжиме да правиме се што се бара од нас, но одлуката за ЕУ не зависи од нас

July 2, 2021 16:17
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да исполнуваме критериуми, да правиме се што се бара од нас, но почетокот на преговорите и членството во Европската унија не зависат од нас, порача денеска албанскиот премиер Еди Рама, кој напомена дека европскиот пат е единствениот пат, но сепак одлуките се носат на ниво на Унијата со консензус, а она што во овој момент му преостанува на регионот е да работи на јакнење на меѓусебната соработка.

Рама денеска се обрати на панелот „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“ на Првата меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог, нагласувајќи дека во моментов не е во толку голем шок од не почнувањето на преговорите, бидејќи тоа не е нова ситуација, се случувала и претходно. ЕУ ја спореди со невеста, а регионот со младоженец, кој организирал совршена свадба, меѓутоа невестата не се појавила и тоа се случило еднаш, два пати…, а потоа веќе реакцијата е поинаква.

– Музиката, која постојано ја слушаме од Европа е дека треба да продолжиме, но не станува збор за тоа дека Албанија и Северна Македонија и другите земји во регионот треба да се спакуваат, да се стават на брод и да се испратат во Европа, станува збор за градење на нашите земји да функционираат како секоја друга земја-членка на Унијата. А потоа дали ќе бидеме дел од ЕУ не зависи од нас, тоа не е во наши раце, не сме ние тие кои одлучуваме за тоа, истакна Рама.

Нагласи дека во овој момент ние како регион може да направиме многу нешта, имаме можност да ја зајакнеме меѓусебната соработка, заедно да притискаме за нештата во регионот да станат подобри, да работиме на подобрување на нашите стопанства, создавање поголем простор на нашите претприемачи, за младите луѓе.

– Затоа што сами и свртени со грб сме мали, но заедно сме во разумна мера доволно големи, порача Рама.

Тој нагласи дека во регионот има нерешени прашања, конфликти, но тие не смеат да го попречуваат напредокот на сите земји. Според Рама, сите во регионот сметаат дека први стапнале на него, Грците, како што рече, мислат дека сите од нив потекнуваат, истото го мислат и Албанците и Македонците и Бугарите, но сите сме тука со векови.

Рама се осврна и на консензусот како механизам на одлучување во ЕУ. – Бугарија не сака и сега никој во ЕУ не оди напред, такво нешто нема да има во соработката меѓу земјите од Западен Балкан и секоја земја може да одлучува за правецот во кој сака да се движи, порача Рама.

Тој потсети дека земјите во регионот влегле во Берлинскиот процес, сите заедно, повикани од „првиот човек на ЕУ“, Ангела Меркел, која ја нарече „папата“, а државите од Западен Балкан „големи верници во ЕУ“.

– Сите сакаме да одиме на аудиенција кај папата, не за да спориме за минатото, туку да видиме како може да ја изградиме заедничка иднина, тоа беше пресврт, доведе до нови нешта, нови развои на настани и постави пречка пред бриселската бирократија, но ние одлучивме да продолжиме понатаму. Тоа што се собравме заедно е одлично нешто, но сега ни треба поттик, ветер во грб, нагласи албанскиот премиер.

Неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, осврнувајќи се на регионалната соработка истакна дека земјите од Западен Балкан заедно направиле пресврт од 360 степени, се појавуваат нови можности за соработка.

– Треба да продолжиме со активностите поврзани со европската интеграција, но треба повеќе да се концентрираме на регионалната соработка, на работите што треба да ги направиме заедно за да го зголемиме квалитетот на животот на сите наши граѓани, рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека во однос на европската интеграција, што и да направиме, на крајот одлуката останува на секоја земја-членка.

– Тоа е сложен процес и станува се покомплициран, како што видовме со примерот на Северна Македонија. Повеќе не се работи за европски вредности, за напредок во клучните области, сега се внесуваат билатерални прашања и тоа не билатерални во вообичаена смисла, туку прашања на јазик, толкување на лингвистика, историја. Тоа се работи за кои навистина не може да извршите никакво влијание, порача српската премиерка.

Брнабиќ се осврна и на малцинските права и како што рече двојните стандарди, кои постојат во однос на нив меѓу земјите од Западен Балкан и државите-членки. Србија ја посочи како пример на државата кога станува збор за почитување на националните малцинства и ја означи како една од водечките земји во Европа, во која се почитуваат сите јазици.

– Но, држави членки на ЕУ не признаваат некои од националните малцинства, кои ги имаат во сопствената земја и сега тука се поставува прашањето кој е балансот. Се работи за различни стандарди кои мене не ми се јасни, додаде Брнабиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти, пак изрази разочарување поради тоа што Северна Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговори на јунскиот самит на Унијата, нагласувајќи дека како граѓани на земја на која им е ускратена визната либерализација, тие многу добро ја разбираат нашата разочараност.

– Но, не смееме да преземаме избрзани одлуки. Да, ЕУ е бавна, и недостига единство, но таа е нашата најдобра надеж и единствената алтернатива што ја имаме, не затоа што немаме избор, туку затоа што природно припаѓаме таму, рече Курти.

Нагласи дека западнобалканската шесторка е дел од Европа, опкружена со земји-членки, државите од регионот, споделуваат заеднички вредности, имаат заедничка историја, војувале во исти војни, а нивните граѓани и стопанства се поврзани.

– Наместо да продолжиме да се чувствуваме фрустрирани од ЕУ, треба да се запрашаме каква иднина сакаме, што правиме ние за да стасаме таму. Самите ние сме далеку од совршени, ако погледнеме кон себе ќе сфатиме дека имаме многу проблеми, порача косовскиот премиер.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ