• Latest

Виртуелен самит на Берлинскиот процес под претседателство на Германија

July 5, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Виртуелен самит на Берлинскиот процес под претседателство на Германија

July 5, 2021 09:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поттикнување на земјите од Западниот Балкан да манифестираат дух на компромис со цел да се постигнат конкретни резултати во однос на спроведувањето на проектот за Заеднички регионален пазар, се очекува да биде главна тема на денешниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Германија.

Во пресрет на Самитот, иницијаторката на Берлинскиот процес, германската канцеларка Ангела Меркел порача дека е убедена оти иднината на Западниот Балкан лежи во вистинска обединета Европа.

Во видео порака, објавена во саботата, Меркел истакна дека е среќна што овој виртуелен состанок ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави или влади на земјите од Западниот Балкан во остварување на примарната цел на Берлинскиот процес за постигнување стабилност во регионот и воспоставување дијалог.

– Западниот Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тој е дел од Европа, каде раните од војните се уште не се залечени, а голем број граѓани од тој регион живеат и во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западниот Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој во тој дел на Европа, нагласи Меркел, додавајќи дека Берлинскиот процес веќе постигнал одреден успех, при што како особено значајно го истакна неодамнешното формирање на Форумот за млади во негови рамки.

Мерел истакна дека со формирањето на овој Форум се покажало оти она што долго време се сметаше за невозможно, конечно е можно, а тоа е размена на студенти од различни религии и етникуми. – Тоа е практичен придонес кон мирот, потенцира Меркел, додавајќи дека меѓусебното признавање на дипломите, соработката во науката и напредокот во инфраструктурните проекти, се чекори што водат кон зајакнување на врските меѓу граѓаните од регионот и надминување на предрасудите.

– Сето ова ги води земјите од Западниот Балкан кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа, нагласи германската канцеларка.

Меркел посочи дека во регионот се уште има многу предизвици, дека недовербата и национализмите не исчезнале и дека билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување.

– Тоа значи надминување на минатото и правење се што е можно со цел идните генерации да живеат во мир, додаде Меркел во пораката.

Берлинскиот процес за Западниот Балкан, инициран од германската Влада на 28 август 2014 година, претставува форум за соработка меѓу земјите членки и институциите на ЕУ, шесте држави од западно балканскиот регион и Велика Британија.

Овој неформален процес ги поддржува земјите од Западниот Балкан во воспоставување поблиски врски со Европската Унија и остварување на нивните напори за интеграција во ЕУ, во зголемување на регионалната соработка во областа на инфраструктурата, економијата, дигитализацијата, младинските прашања и науката, како и во поттикнување на дијалогот во регионот.

Целите на Процесот опфаќаат и поттикнување на „дополнителен реален напредок во реформскиот процес, во решавање на отворените билатерални и внатрешни прашања и во постигнувањето на помирувањето во и меѓу општествата во регионот“, како и во зајакнување на „регионалната економска соработка и поставување на темелите за одржлив раст“.

Берлинскиот процес претставува дополнителна институционалната алатка насочена кон забрзување на интеграција на земјите од регионот во ЕУ и нивно усогласување со законодавството на Унијата.

Процесот е замислен како инструмент за остварување на социјална, економска и политичка димензија, односно поврзување на луѓето, економиите и државите од регионот. За таа цел Процесот досега промовираше иницијативи и проекти во областа на транспортот и инфраструктурата, економската поврзаност и соработката меѓу младите, деловните субјекти и граѓанските општества од Западниот Балкан. За таа цел беа промовирани и Регионалната канцеларија за соработка на младите, Инвестицискиот форум на коморите од Западниот Балкан и Фондот за Западниот Балкан.

Покрај средбите на највисоките државни и владини претставници, во рамки на Берлинскиот процес се одржуваат и состаноци на претставници на граѓанските здруженија, младинските организации и бизнис заедниците од регионот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ