• Latest

Марин се кандидира за втор мандат за градоначалник на Аеродром

July 5, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Марин се кандидира за втор мандат за градоначалник на Аеродром

July 5, 2021 16:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска и официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја доставил кандидатурата за уште еден мандат, пренесува Слободен Печат.

Тој им се заблагодарил на членовите во сите месни одбори кои му ја дадоа поддршката за нов градоначалнички мандат.

– Во првиот мандат како градоначалник на Општина Аеродром ми беа потребни многу труд, време и енергија да се согледаат низата пропусти, аномалии, а воедно и да се постават вистинските цели, визии како и главната мисија со која веќе се промовираме како Општина лидер во земјата и во регионот со сигурна европска иднина. Затоа, гледам многу причини заедно со жителите на Општина Аеродром да продолжиме да го одиме овој пат, изјавил градоначалникот Марин, стои во денешното соопштение од Општина Аеродром.

Според него, општ е впечатокот дека жителите на Аеродром чувствуваат позитивни поместувања во текот на овие четири години во насока на градење современа општина. Потенцирал дека и покрај пандемијата, Општината успеала да реализира огромен број проекти од сите сфери клучни за подобар живот на граѓаните.

– Секоја година се делат субвенции за набавка на инвертер клими и велосипеди, а за уште почиста животна средина се засадени околу 15 илјади садници од различен вид, а главната цел е да се стигне до бројка од 100 илјади, односно за секој жител по една садница. Исто така, Општината набави и прочистувачи за сите градинки со цел да осигуриме чист воздух за нашите најмлади без оглед на објективните атмосферски влијанија, изјавил Марин.

Сето тоа, според него влијаело на фактот, оваа година да има енормно намалување на загадувањето на воздухот кое најмногу го почувствуваа жителите на Аеродром.

Градоначалникот Марин од капиталните проекти ги издвоил изградбите на двете детски градинки, изградбата на целосно новиот објект на училиштето „Димитар Македонски” во населбата Лисиче, доградба на основното училиште „Лазо Ангеловски” во населбата Ново Лисиче, реконструкција на простории во училиштето „Ѓорѓија Пулевски”, целосно реновирање на училиштето „Блаже Конески”, преработени паркинзи, целосно обновени, реконструирани и модернизирани паркови во населбата Мичурин и паркот „Бојмија” во населбата Острово. Се осврнал и на низа урбани паркови и скверови во населбата Стар Аеродром, повеќе од половина од отворените спортски игралишта се преработени со најсовремена и единствена во државата ергономска подлога за безбедно спортување на жителите, детските игралишта кои добија нови и безбедни реквизити и меки подлоги за безгрижна игра на најмладите, согласно со сите европски и светски стандарди.

Што се однесува до хигиената во рамките на имплементацијата на европските стандарди, Општина Аеродром, истакнал Марин, се приклучи кон движењето Нула отпад – Европа и го зедовме најдобриот пример од Словенија, односно почнавме спроведување на одржувањето на јавната хигиена по теркот на градот Љубљана кој е актуелна зелена престолнина на Европа. Во тој контекст, потсетил дека е изработен проактивен портал www.higi-aerodrom.mk, преку кој се настојува во најкус можен рок да се интервенира по реакциите на жителите во однос на хигиената.

– Воедно, сакам да ги истакнам вложувањата во специјализирана опрема, односно најсовремени машини за чистење и одржување на јавната хигиена која секојдневно се на терен, посочил Марин.

Во моментов, Општината остварува стратегиска соработка со невладиниот сектор, а воедно преку новоформираното јавно претпријатие е во директна комуникација со претприемачки настроени жители и бизнис-заедницата, така што Општина Аеродром има повеќе од 100 проекти со локално економско значење.

– Продолжуваме со уште посилно темпо и во наредните четири години, истакнал градоначалникот Марин по предавањето на кандидатурата за втор мандат, стои во соопштението од Општина Аеродром.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ