Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“,CRTA – Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (Србија) во соработка со Фондација Метаморфозис (Северна Македонија) и партнерите, организира регионален настан: „Регионални дијалози за Дигитална Агенда: вештачка интелигенција и алгоритми во владините е-услуги“. Настанот ќе се одржи на 9 јули 2021 (петок) во Impact Hub – Белград со почеток од 09:30 до 12:10 часот, а исто така ќе биде јавно отворен за пошироката публика преку платформата ZOOM и ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук.
Како што наведуваат организаторите, целта на овој настан е да се шири знаењето меѓу регионалните лидери и да се иницира продуктивен дијалог за можностите и предизвиците за користење на вештачката интелигенција (ВИ) во јавните услуги. Трендот според кој алгоритмите извршуваат задачи наместо човекот е сè почесто дел од владините операции, дури и во земјите од Западен Балкан. Алгоритмите „тајно“ водат многу процеси во позадина, а најчесто пошироката публика нема никакво знаење за овие процеси, што носи огромна ефикасност. Сепак, ваквото владеење може да биде ризично затоа што алгоритмите може да се случи да донесуваат пристрасни, па дури и штетни одлуки, а рамките за отчетност често недостасуваат. Поради тоа настанот ќе ги истражува алгоритмите во јавните и владините е-услуги во Србија и регионот на Западен Балкан.
Како говорници на настанот се очекува да бидат: Алберт Алиу, Глобални КТ (Косово, Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Дражен Вујовиќ, Влада на Црна Гора, Ерсила Ќерамишиу, Национална агенција за информатичко општество (Албанија), Јелена Коциќ, Српско друштво за ВИ (Србија), Коста Петров, вршител на должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Миша Бојовиќ, виш истражувач во ЦРТА (Србија)