• Latest

ДЗР: Издавањето на Б-Интегрирани еколошки дозволи не овозможува целосна контрола над загадувањето

July 8, 2021

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ДЗР: Издавањето на Б-Интегрирани еколошки дозволи не овозможува целосна контрола над загадувањето

July 8, 2021 11:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Мерките и активностите преземени од страна на надлежните институции за издавање на Б-интегрирани еколошки дозволи не се доволно ефективни за воспоставување на интегриран систем за спречување и контрола на загадувањето од индустриските активности и целосно почитување на начелата за животната средина“, истакнаа од Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките и активностите за издавање на Б-интегрираните дозволи” за да се даде одговор на прашањето „Дали со Б-интегрираните еколошки дозволи се овозможува интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина од индустриските активности?‘‘

Ревизијата на успешност е извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година, а се однесува на периодот 2017-2019 година, иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2017 година и последователно до денот на известување од извршената ревизија.

„Во периодот 2017 – 2019 година од страна на субјектите предмет на ревизијата наплатени се надоместоци во вкупен износ од 7,4 милиони денари. Кај сите субјекти ревизорите утврдиле различно толкување и начин на примена на подзаконските акти, што се одразува на точното и воедначено пресметување на надоместокот. Различниот начин на пресметување на надоместокот, доведува до
нееднаков третман на операторите на инсталации кои се должни истиот да го плаќаат, а истовремено влијае на неправилно и нецелосно почитување на начелото „загадувачот плаќа‘‘, наведоа од ДЗР.

Од Заводот посочија дека кај поголем дел од субјектите не е воспоставена сметководствена евиденција на побарувања од операторите на инсталации, што не овозможува нивно следење и редовна наплата.

„Отсуството на соодветна евиденција не овозможува во случај на ненаплатени побарувања навремено опоменување или одземање на дозволата“, додадоа од ДЗР.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека, Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од општините имаат воспоставено режим на издавање интегрирани еколошки дозволи, но недостасува интегриран систем и контролен механизам кој во целост ќе ги опфати индустриските инсталации кои со своите активности емитуваат штетни материи во животната средина.

„Иако е познат вкупниот бројот на активни деловни субјекти распределени во сектори на дејност (75.914 субјекти) согласно Националната класификација на дејностите, не е познат бројот на деловни субјекти кои вршат активности за кои е потребно да поседуваат Б-Интегрирана еколошка дозвола (Б-ИЕД). Дополнително, дел од инсталациите кои поседуваат дозволи за усогласување со оперативен план
(ДУОП) нецелосно го запазиле или пак не го испочитувале законскиот рок за обезбедување на Б-ИЕД, што им овозможува да продолжат со активностите кои имаат неповолно влијание врз квалитетот на животната средина“, наведоа од ДЗР.

Од таму посочија дека индустриските инсталации кои работат без интегрирани еколошки дозволи (ИЕД)
не овозможуваат да се контролира целокупното загадување кое тие го предизвикуваат и постои ризик преку своите активности да ги надминуваат определените дозволени гранични вредности на загадувачки супстанции што предизвикуваат штетни последици за животната средина, живото и здравјето на
луѓето.

„Една од причините за утврдените слабости во начинот на издавање на Б-ИЕД е недоволната кадровска екипираност во општините и инспекциските служби, како и недостатокот на обуки и конкретни насоки за постапување во областа“, истакнаа од ДЗР.

Нагласија дека со оглед на тоа дека интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина е комплексна област која бара значителни стручни познавања, разликите во содржината на дозволите, најчесто се заради различните видувања, стручни знаења, искуства и обученост на вработените лица чии работни активности се непосредно поврзани во издавањето на дозволите.

„Ваквиот начин на постапување предизвикува не воедначен пристап при издавањето на дозволите и претставува ризик од постоење на субјективизам при дефинирање на нивната содржина, што истовремено неповолно се одразува при вршењето на мониторингот и надзорот над инсталацијата, како и при пресметката на надоместоците кои операторите на инсталациите треба да ги плаќаат“, наведоа од ДЗР.

Со извршената ревизија, во областа мониторинг, надзор и известување, ревизорите утврдиле дека надлежните институции не донеле Стратегија за мониторинг на животната средина и Програма за мониторинг на животната средина, кои се значајни за дефинирање на насоките за воспоставување на
систематско набљудување, испитување и оценување на загадувањето и состојбата, како и регистрирање и идентификување на изворите на загадување на медиумите и областите на животната средина.

Во извештајот се наведува дека недоволната застапеност на надзорните активности од надлежните институции влијае на ненавремено откривање, спречување и контрола на загадувањето на животната
средина предизвикано од индустриските инсталации.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека во рамките на проектот „Развој на мониторинг и информативен систем за животна средина” предвидено е да се донесе стратегија за мониторинг на животната средина.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ