• Latest

Светски ден на населението, Северна Македонија со реални бројки во септември

July 11, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на населението, Северна Македонија со реални бројки во септември

July 11, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на населението се одбележува секоја година на 11 јули. Главната цел на овој ден е да привлече внимание кон проблемите што произлегуваат од зголемувањето на населението низ целиот свет. Целта е да се да се потенцираат тешкотиите создадени од прекумерното население и да се подигне свеста за тоа како може да му наштети на екосистемот и напредокот на човештвото.

Оваа година, темата на Светскиот ден на населението 2021 година е „влијанието на пандемијата Ковид-19 врз плодноста“, односно влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз сексуалното и репродуктивно здравје и репродуктивно однесување на глобално ниво. Организиран е од Одделот за население при Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации (ДЕСА).

Потребни се стотици илјади години за светската популација да порасне на 1 милијарда – тогаш за само уште околу 200 години, се зголеми седум пати. Во 2011 година, глобалното население достигна граница од 7 милијарди, а денес изнесува околу 7,7 милијарди и се очекува да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 и 10,9 милијарди во 2100 година, е пресметката на Обединетите нации.

Овој драматичен раст е придружен со големи промени во стапката на плодност, зголемување на урбанизацијата и забрзана миграција. Овие трендови ќе имаат далекусежни импликации за генерациите што доаѓаат. Покрај тоа, светот гледа бележи високо ниво на урбанизација и ја забрзува миграцијата. 2007 година беше прва година во која повеќе луѓе живееја во урбаните средини отколку во руралните области, а до 2050 година, според ОН,, околу 66 проценти од светската популација ќе живее во градовите.

Овие мегатрендови имаат далекусежни импликации. Тие влијаат на економскиот развој, вработувањето, дистрибуцијата на приходите, сиромаштијата и социјалната заштита. Тие, исто така, влијаат на напорите да се обезбеди универзален пристап до здравствена заштита, образование, домување, санитарни услови, вода, храна и енергија. За поодржливо решавање на потребите на поединците, креаторите на политиките мора да разберат колку луѓе живеат на планетата, каде се, колку години имаат и колку луѓе ќе дојдат по нив.

Во Северна Македонија, допрва ќе треба да се пребројува населението, со оглед дена пандемијата со Ковид-19 го одложи процесот. Од пописот на населението во септември се очекува оваа статистичка операција да ги понуди реалните бројки за состојбата во земјата. Како што укажаа бројни експерти, но и претставници на институции задолжени за спроведување на пописот, во серијата дебати организирани од ЦИВИЛ, пописот треба да биде статистичка операција, а не да служи за политичко профитерство. ЦИВИЛ е меѓу првите организации што се заложија да се објасни вистинската потреба и начинот на спроведување на пописот, наспроти манипулациите и политичките злоупотреби.


Пописот како статистичка операција, наспроти политичкото профитерство

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ