• Latest

Извештај на ЕПИ: Јавната администрација потранспарентна, слабости се уште има во управувањето со човечки ресурси и соработката со граѓанскиот сектор

July 16, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Извештај на ЕПИ: Јавната администрација потранспарентна, слабости се уште има во управувањето со човечки ресурси и соработката со граѓанскиот сектор

July 16, 2021 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Забележан е напредок во транспарентноста на јавната администрација, како и подобрување во областа на јавните финансии, но се уште е потребно унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. Слабости се забележани и во управувањето на човечките ресурси и времените вработувања. Ова се главните заклучоци на вториот извештај за Мониторинг на реформата на јавната администрација, спроведен во 2020 година од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Истражувањето на ЕПИ за мониторингот на реформата на ЈА, покажува дека Северна Македонија предничи пред земјите во регионот во управувањето со јавните финансии, при што е утврдено дека се преземени значителни чекори за подобрување на управувањето со јавните финансии во земјава, а создадени се и значајни апликации за следење на јавните финансии. Подобрена е и комуникацијата и соработката на Државниот завод за ревизија со јавноста.

-Годишниот буџет, извештаите за извршување на годишно ниво, полугодишните и кварталните економски извештаи се достапни. Граѓанскиот буџет нуди преглед на буџетот преку интерактивен интерфејс креиран за граѓаните. Отворени се значајни веб страници – Отворени финансии, јавен долг и финансиска транспарентност (за) Ковид-19, стои во извештајот.

Во однос на достапноста на информациите за јавни набавки, се наведува дека секој може бесплатно на Електронскиот систем за јавни набавки да прегледува објавени огласи, доделени договори, е-набавки и е-поплаки.

Значително подобрување се бележи во отчетноста и проактивноста на јавните органи, за разлика од мониторингот спроведен во 2017/18.

-Резултатот во овој извештај е значително зголемен во споредба со претходниот од 2017/18, имајќи предвид дека плановите за работа на Владата и извештаите за спроведување на плановите претходно не се објавуваа, стои во извештајот.

Според мнозинството организации, се наведува во документот, информациите од јавен карактер ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Од друга страна, се забележува дека дел од институциите немаат ажурирани информации за контакт на нивните веб страници, а ниту едно министерство нема споделено информации и контакти за соработка со граѓанско општество освен Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така, според извештајот, ниту една институција нема обезбедено информации за процесот на јавна консултација на ЕНЕР.

За соработката на ЈА со граѓанските организации општа забелешка е стратегијата за реформа на јавната администрација не предвидува вклучување на граѓанските организации во административните структури за координација и мониторинг на реформата на ЈА, а консултациите, иако во голема мера се отворени за јавноста, обично се случуваат во доцна фаза кога документите се веќе подготвени.

-Она што треба да се издвои е дека во регионот само Северна Македонија и Албанија имаат пракса на објавување кумулативни податоци за бројот на службеници во јавниот сектор. Истите треба да се објавуваат секоја година и во вид на отворени податоци. Отсуствуваат квалитативни податоци за повеќе сегменти од системот (квалитет на службата и резултати), се наведува во извештајот.

Во однос на времените вработувања, е забележано ангажирање лица без огласи и без исполнување на истите критериуми кои важат во службата. Се посочува и дека постапките за вработување се обременети со доставување документација што ги прави тешко достапни за надворешни кандидати, а комисиите за селекција не ги образложуваат своите одлуки.

Во овој контекст, стои во извештајот, високите раководни службеници се под силен дискреционен систем, односно политички назначувања и разрешувања.

Во однос на давањето услуги, перцепцијата на граѓаните за напорите на Владата е влошена. Повеќето граѓани се свесни за постоењето и знаат како да користат е-услуги, но голем процент сметаат дека каналите за споделување мислење треба да се поедностават, додека 60 проценти сметаат дека администрацијата ги искористила нивните укажувања.

За перцепцијата на граѓанските организации, таа во голема мера останува негативна. Граѓанските организации, стои во извештајот, сметаат дека „Една точка за услуги“ не се лесно достапни и дека услугите не се соодветно распределени низ целата држава, а перцепциите се многу негативни и во однос на прилагодување на услугите кон ранливите групи.

Кога станува збор за е-услугите, се забележува дека недостасуваат едноставни и лесни упатства за корисниците, и оти тие не се достапни за клучни услуги како регистрација на возило и издавање лични документи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    187 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ