• Latest

Шахпаска: Социјална услуга и за лицата во најоддалечените места во државата

July 19, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Социјална услуга и за лицата во најоддалечените места во државата

July 19, 2021 11:33
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во утринската програма на Македонската телевизија, рече дека со јавниот повик кое МТСП го објави минатата година, во 24 општини низ државава се реализираат 19 проекти. Од нив  16 проекти се врз основа на претходно мапирање на потребите во локалната средина во секоја општина. Проектите се наменети за помош и нега за стари лица во домот, и на лица во дневните центри. Проектот во општините Липково и Делчево е за поддршка и рехабилитација на деца со попреченост. Станува збор за три различни проекти за рехабилитација и  реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.

„Проектите ќе продолжат и понатаму. Ќе имаме нов повик. Правиме мапирање за потребите на граѓаните. Тоа се возрасни лица кои живеат сами, кои имаат комбинирана или тешка попреченост, а  немаат возрасно лице способно да им помага во домот. На тој начин одбраните корисници, дури и во најоддалечените села во општините ќе имаат помош, поддршка и нега која изнесува 80 часа на месечно. Ќе ја даваат нивни блиски, соседи, луѓе кои што тешко можат да се вработат. Тие поминале низ системот на обука од страна на овластени обучувачи. МТСП ја дава лиценцата на давателот на тие сервиси и дополнително го трансферира паричниот надоместок, преку Центрите за социјална работа“, рече министерката за труд и социјална политика Шахпаска.

Според проектот за подобрување на социјалните услуги, на МТСП еден негувател може да дава помош и на двајца корисници. На тој начин може да заработи просечна плата. Според министерката за труд и социјална политика Шахпаска, на тој начин се постигнува бенефит, но најпрво помош и поддршка на најранливите, за тие да не бидат во институции туку во својот дом. И во иднина овие услуги ќе бидат усовршувани за да бидат одржливи. Министерството ќе го  врши надзорот на почитување на законитоста на квалитетот на услугата која што ја даваат давателите на услугите, преку Центрите за социјална работа.

Со овој проект во првата фаза услуги ќе добиваат 900 корисници во најголем дел помош и нега во домот, а околу 300 даватели на услуги, односно негуватели ќе бидат ангажирани во целиот овој систем.

„Продолжуваме понатаму, следниот повик ќе биде многу скоро од МТСП, потребите кои сега успеавме да ги добиеме со мапирање на состојбите на терен, ќе бидат малку поразлични. Нашата цел е да даваме помош на сите граѓани, деца во социјален ризик, со воспитно социјални проблеми, деца без родителска грижа, стари и немоќни лица, лица со попреченост. Дали е тоа во домот дали ќе биде згрижување во дневни центри или ќе биде центарот за привремена грижата на лицата со попреченост, како што е еден нов облик на услуга која МТСП есенва ќе почне да ја применува, така што имплементацијата  на социјалната реформа конкретно со практични услуги кои треба да одговорат на потребите на граѓаните“, рече министерката Шахпаска, во гостувањето во утринската програма на националниот сервис.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ