• Latest

Северна Македонија ги буди Исток и Запад (2)

July 20, 2021
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025

Тивкото освојување на Северна Македонија: анализа на Џабир Дерала на англиски јазик

September 9, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски

Сите службени возила добиваат црвени таблички и задолжително брендирање пред изборите

September 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Украинскa бегалка избодена до смрт во Северна Каролина, осомничениот уапсен и обвинет за убиство, Трамп го нарече нападот „ужасен“

September 9, 2025

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Северна Македонија ги буди Исток и Запад (2)

Зошто Северна Македонија ја сметаат за Тројански коњ кој може да ја уништи Русија? Како точно се одвива руското влијание и поткопување на евроатлантските процеси во земјата? Кој е „рускиот человек“? Кои сѐ „невладини“ организации се промотори на руските интереси? Одговори на ова и на други прашања се нудат во второто, уште повозбудливо продолжение на оваа анализа.

July 20, 2021 14:07
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

(продолжение, линк до Првиот дел)

ТРОЈАНСКИ КОЊ ПРОТИВ РУСИЈА

Руските медиуми објавија интервју со бугарскиот аналитичар, професорот Кирил Топалов од Софија, кој вели дека европска Македонија може да биде Тројански коњ кој заедно со сите останати противници, може да ја уништи Русија. Тој смета дека затоа треба и Русија да ја поддржи Бугарија која го постави вето за нашата земја со што и на Русија ќе ѝ се помогне во намерите да ѝ наштети на Европската унија.

Русија и понатаму се надева дека Бугарија ќе биде упорна до крај и дека нема да дозволи доближување на Македонија до ЕУ.

„Ако ЕУ изврши притисок на Бугарија околу ова прашање, тоа ќе биде катастрофа. Стабилноста на Балканот ќе биде нарушена“ – оценува Топалов. Според него, Северна Македонија ќе ја дестабилизира Европската унија ако стане нејзина членка. Бугарија ќе направи сѐ да ја спречи оваа балканска држава да се приклучи кон ЕУ и да се оствари сонот на Скопје за соединување со Брисел. Тој смета дека ваква каква што е „нереформирана“ не заслужува да ѝ се придружи на Европската унија. Во спротивно ќе биде Тројански коњ на противниците на Русија и на сите кои сакаат да ја уништат Русија.

Кирил Топалов

Да потсетиме дека Русија до последен ден се обидуваше да го спречи решавањето на грчко – македонскиот спор и потпишувањето на Преспанскиот договор. Потоа се обиде да влијае на резултатите на референдумот во Македонија. Тогаш се појави и информацијата дека милијардерот Иван Савидис кој живее во Грција, а по потекло е од Русија и бил член на Државната дума, ги организирал протестите во Македонија против спогодбата со Грција.

Савидис е под сомнеж и дека платил 300.000 евра на екстремните националистички и дисничарски фудбалски фанови во Македонија кои се поврзани со  рускиот милионер Сергеј Самсоненко, бившиот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар и почесен конзул на Руската Федерација во Битола, да организираат протести против Охридскиот договор. Самсоненко се спомнува и како финансиер на кампањата на социјалните мрежи против Преспанскиот договор.

Министерство за надворешни работи на Русија

Русија, веќе подолго време, преку сите достапни канали, вклучително и на Министерството за надворешни работи, пропутиновските медиуми, партијата Единствена Русија и лажни експерти кои патуваат по Балканот, создава слика за Северна Македонија како „псеудо-држава на работ на пропаста“, а дека Запад се обидува оваа земја да ја претвори во протекторат, менувајќи го нејзиниот национален идентитет и оставајќи ја „да ја растргне Голема Албанија“, што на крај ќе резултира со самото пропаѓање на Европската унија и укинување на еврото како светска валута.

Затоа, тие сметаат дека оваа територија треба да се подели и припои кон Косово и Бугарија или било која држава со која се граничи. Генерално, во последните години, Русија се обидува да ја засили својата позиција на Балканот и да влијае на внатрешните политички процеси, да блокира потпишување на важни спогодби во регионот, без кои е невозможна интеграција на регионот во ЕУ и НАТО. За таа цел, руските власти ги користат сите дипломатски полуги, политички, културни и економски врски и дезинформации во медиумите и социјалните мрежи.

(НЕ)ПОЗНАТА СТРАТЕГИЈА

Ако малку го прелистате рускиот пребарувач Јандекс.ру и побарате наслови поврзани со Северна Македонија, еден од највпечатливите кој ги открива целите и стратегијата на Кремљ, за тоа каде ќе ги бара меките точки на Македонија, е текстот на руската веб страница Инсајдер, под наслов „Како Кремљ планира да стекне контрола над северна Македонија“ објавен непосредно пред предвремените парламентарни избори што се одржаа во јули 2020 година.

„Кремљ долго и педантно се подготвува да стекне контрола над оваа земја, користејќи ја дипломатијата и специјалните служби, како и групите на локалните националисти кои се под негова контрола, паралелно со економскиот притисок и влијанието. Во рамките на овие активности, посебно тежиште е ставено на масовната пропагандна машинерија која врши напад на сите слаби точки, искористувајќи го притоа и неодамна затворениот спор со Грција околу промена на името на државата. После катастрофата со висок профил која ја доживеа во Црна Гора, Кремљ се надева на успех во втората мала балканска држава.

Чувствителни точки врз кои ќе делуваат противниците на македонските евроинтеграции можат да се класифицираат во неколку области. Националистичките партии, групи и поединци, економијата, индустријата и рударството, научните институции и академската заедница, културата и невладините организации.

Одкако „Строитрансгаз“, во кој контролниот пакет го има во своите раце рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, го доби во Македонија бизнисот за изградба на гасовод Клечковце-Неготино, Русија ќе се обиде, и се обидува да влијае на економијата на земјата спречувајќи ги странските инвестиции кои доаѓаат од компаниите од Западна Европа или ЕУ, протежирајќи ги своите инвеститори со валкани технологии.

„Строитрансгаз“, во кој контролниот пакет го има во своите раце рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, го доби во Македонија бизнисот за изградба на гасовод Клечковце-Неготино

Кога е во прашање економијата, руската надворешна политика во регионот на Западен Балкан е сконцентрирана во последните години да ги подрива и спречува странските инвестиции од ЕУ и Америка во регионот, притоа сатанизирајќи ја западната демократија и ширејќи го своето идеолошко и економско влијание. На овој план посебно е експонирана швајцарско-руската рударска компанија Солваи Груп на милионерот Александар Бронстеин чии активности се концентрирани на рудниците во Северна Македонија, каде што се смета дека е еден од најголемите инвеститори во оваа област. Солваи груп на секој можен начин се обидува да ги спечи инвеститорите од западните компании во оваа гранка и за таа цел, со помош на локалните бизнисмени, организира протести на локални иницијативи, здруженија и активисти за заштита на животната средина, да протестираат против отворање на рудниците чии инвеститори се западни компании.

Мапа на гасоводот „Јужен тек“

Под  притисок на локалните активисти, користејќи ги локалните бизнисмени и локалните невладини организации, под чудни околности, почнаа да им се одземаат лиценците на западните инвеститори за експлоатација на рудниците во Македонија. Еден од најголемите диригенти на руските интереси во Македонија кој ги штити и бизнис интересите на Солваи груп е Крум Велков, кој заедно со својот колега Ангел Наков, водат кампања против рударските компании од Западна Европа како што е канадскиот Минералс и ги поддржуваат локалните невладини организации да протестираат против проектот на Владата за рудникот за бакар и злато Иловица. Крум Велков е креатор и автор на серија антизападни заговорнички текстови на веб локацијата Геополитика и на веб сајтот на аналитички центар со кој раководат Константин Малофеев, Сергеј Глазјев и генерал Решетњиков. Велков е и еден од организаторите на протестите пред парламентот против владата на Зоран Заев.

Крум Велков е креатор и автор на серија антизападни заговорнички текстови на geopolitika.ru и на веб сајтот на аналитички центар со кој раководат Константин Малофеев, Сергеј Глазјев и генерал Решетњиков.

Руските хакери веќе ја претвориле Македонија во регионален центар за лажни вести. Тие се убедени дека Македонија е најранлива во сферата на медиумите при што Кремљ повеќе не е концентриран толку на ривалските односи помеѓу партиите, колку на шансата на други начини да ги остварува своите интереси, пред сѐ, со ширење на лажни вести.

АЛАТКИТЕ НА КРЕМЉ

Јанко Бачев – руски человек во Македонија е „еден од многубројните Путинови пријатели кои ја уништуваат Европа“. Вака ќе прочитате на рускиот пребарувач jандекс.ру, доколку го напишете името на бившиот агент на македонските специјални служби, кој според рускиот медиум Селдон њус сега е на чело на „силна опозициска партија во Македонија“.

„Запознајте го човекот на Москва во Македонија, еден од многубројните Путинови пријатели кои ја уништуваат Европа. Јанко Бачев, бивши агент на македонските тајни служби, се пресликал како Путин, а неговата политичка партија Обединета Македонија во сѐ ја имитира Единствена Русија, со мала разлика што во амблемот наместо мечка е ставен лав. Неговите работни простории и мебел се излитени, но руското национално знаме е ново и гордо ја краси неговата канцеларија. Доколку му заѕвоните на мобилниот телефон, ќе ја слушнете руската химна. Неговата постојана изјава е дека: „Иднината на Македонија е во Путиновата евроазиската унија и дека овој сојуз е многу подобар за Македонија од НАТО и ЕУ“.

Текст за Јанко Бачев на рускиот вебсајт www.news.myseldon.com: человек Москвы в Македонии, один из многих приятелей Путина, разрушающих Европу

Во Македонија, меѓу помошниците на руските „стратези“ се вбројува и претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ кого пропутиновските медиуми, најчесто Известия и Российская Газета го користат како соговорник, барајќи од него мислење за состојбата во Македонија и руската политика како заштитник на меѓународното право. Во опширниот текст под наслов Како Кремљ планира да воспостави контрола над Македонија е објавено дека Стоиљковиќ, големиот пријател на Единствена Русија ги добил упатствата од српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, кој на руските колеги им помагал да ги спроведуваат своите планови во Македонија. Живаљевиќ имал задача да ги кочи евроатланските интеграции на Македонија.

На годишната Конференција на Руската заедница во Македонија, со поддршка на амбасадата на Руската Федерација во Македонија, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, како еден од најугледните учесници, во својот поздравен говор им се обратил на присутните со зборовите: „За жал, далеку сме од посакуваната и можна цивилна, црковна и државна македонско-руска соработка, која мора да продолжи и да се унапреди. Треба да сториме многу повеќе од вербализмот, таа соработка да се случува. Македонците, покрај евро-атлантските, ги преферираат и евро-азиските интеграции, посебно со Руската Федерација.“

ИДНИНАТА СЕ РАЃА НА ИСТОК

На Деветтата меѓународна научна конференција Исток-Запад, во организација на Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, каде што еден од професорите е и „рускиот человек во Македомија“ Јанко Бачев, беше презентиран научен труд во кој акцентот е ставен на духовните и моралните стандарди на Русија како антипод на „декадентната“ политика и филозофија на европскиот Запад. Во него се потенцира дека Истокот, за разлика од Западот, нуди различен духовен и морален стандард, тоа се други вредности во кои доминираат духовното начело над материјалното.

Вредностите на православното славјанство и Русија се антипод и спротивност на неолиберализмот и глобализмот. Затоа, при изборот помеѓу Исток и Запад, секој треба да се определи за вистинските вредности, традиционален морал и братска дружба со Русија, а тоа се патриотизмот, праведноста, солидарноста, идеалите за доброто, убавото и духовното. Спротивставувањето и конфронтацијата меѓу овие два света се заострува, така било низ вековите, така е сега и така ќе биде во иднина.

И секој пат кога Русија постигнува успех и победа над оваа идеологија на Балканот, европскиот Запад се спротивставува и се стреми да ги ограничи резултатите. Европскиот Запад води општа војна против Русија, вака може да се сумира еден од научните трудови презентиран на Деветтата меѓународна научна конференција Исток –Запад (Јужните Словени помеѓу Исток и Запад денес, стр 295.ПДФ).

РУСКИ „НЕВЛАДИН“ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА

Една од алатките за ширење на руска пропаганда во Македонија се и десетици разни руски здруженија, граѓански иницијативи, волонтерски движења, фестивали на руска култура во Македонија.

Одржуваат разни конференции на руски сонародници, научни средби, фестивали, концерти, сеќавања… Предводници на овие активности се руската амбасада, граѓанска инцијатива „Бесмртен полк“, координативниот совет на сонародниците и организациите „Чајка“, „МР-Мост“, „Озарение“, „Славјанка“, „Русичи“, „Россотрудничество во Македонија“, Руското културно-уметничко друштво „Славјанка“, Заедницата на млади руски сонародници во Македонија, Комитетот за македонско-руските односи како и учесници во различни проекти на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ – Свети Николе.

Лого на „Бесмртниот полк“

На годишната Конференција на руската заедница во Македонија покренати се иницијативи за  организирањето на анкетен попис на Русите во Македонија, организирање на научен симпозиум за придонесот на руската интелигенција во афирмацијата на Македонија и македонизмот, регистрацијата на руска православна црковна општина „Свети Борис и Галеб“ во Охрид, откривањето на спомен-обележје во Охрид пред црквата „Света Софија“ за покрстувањето и крунисувањето на Великата Руска кнегиња Олга од Охридскиот Архиепископ Тимотеј во 955 година и покрстувањето на нејзиниот внук, Великиот руски кнез Владимир од Охридскиот Патријарх Николај во 987 година, иницијативата за изградба на Руска црква, манастир и резиденција на поглаварот на Руската Православна Црква во Охрид.

ТЕРАПИЈА

Република Северна Македонија како членка на НАТО и аспирант за членство во ЕУ е најсилен фактор за стабилноста во регионот, има механизми за заштита од сите горенаведените внатрешни и надворешни предизвици. Но „запчаниците на тие механизми“ не се доволно синхронизирани во работата и имаме дисторзија на имплементацијата.

Ако еден од тие запчаници не работи, целиот систем се доведува во ризик и не функционира. Таа дисторзија им помага на противниците на напредокот и евроатлантските интеграции на Северна Македонија полесно да „стават клипови“ во механизмите кои треба да обезбедат владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал, економски напредок и стабилност. За одбрана на слабите точки клучна е соработката на сите институции, невладиниот и приватниот сектор. Тоа подразбира размена на информации, заеднички проекти, имплементација и примена на препораките од пријателите, медиумска писменост и борба против лажни вести. Исклучително е важен граѓанскиот сектор кој ќе биде коректор на политиките кои ги води владата и ќе придонесе кон зајакнување на јавната свест и потреба јавниот интерес да се стави пред личниот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ