Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 12:00 часот.
Седници на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 13:00 часот.
Тематска дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварувањето на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија во наредните десет годиниво 12:15 часот.
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 50-та седница во 10:00 часот.
Промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, на која ќе се обратат вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Љубомир Јовески во 10:00 часот.
Прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров, Петре Шилегов и Александар Наумовски по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












