• Latest

Пораст на активности на институциите за намалување на ризиците од корупција при вработувања, извештај на Транспаренси Интернешнл -Македонија

July 23, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пораст на активности на институциите за намалување на ризиците од корупција при вработувања, извештај на Транспаренси Интернешнл -Македонија

July 23, 2021 19:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не се забележува целосно спроведување на препораките, но се забележува пораст на преземени активности од страна на институциите за намалување на ризиците од корупција, но за нив е потребно подого време. Ова го посочуваат резултатите од третиот тримесечен Извештај за април – јуни 2021 од мониторингот на имплементацијата на препораките од Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор, кој денеска го промовираше „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

Документот е изработен во рамки на активноста „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата” и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со ДКСК и МИОА.

„Овој Извештај има резултати, ги покрена работите кои што се случуваат на повеќе нивоа во извршната власт во насока на креирање политики како да се намалат ризиците од корупција во вработувањата, носењето на закони. Сепак, активностите се одвиваат многу бавно и се уште не се чувствуваат ефектите од спроведувањата на овие препораки од Извештајот. И мора понатаму многу поинтензивно да се работи за да може подобро да се изградат почнувајќи од законските решение, до критериумите, постапките за вработувања, избори и именувања се до ефективност во контролните механизми. Потребна е координација меѓу надлежните институции“, истакна на презентација Салаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

Според неа, може да се создадат работни групи за изнаоѓање на соодветни решенија за спроведување на препораките, да се работи на подигање на свеста и подобро разбирање за очекуваните промени, да се има поорганизиран пристап во спроведување на препораките што како краен ефект може да придонесе до создавање на ефективни јавни органи и зајакнување на професионализацијата и интегритетот на јавната администрација.

Тасева ја поздрави и изразената потреба од страна на Антикорупциска да се направи ваков извештај за ризик од корупција при вработување, со што, вели, помогнале во изработка на посуштински решенија за надминување на овој проблем, како и нивната иницијатива за соработка со сите институции кои работат во оваа сфера како со министерстватата така и со кабинетот на вицепремиерот, бидејќи оценува, само така се можни резултати.

Во однос на значителниот пораст на бројот на огласи за вработувања особено во институциите на локално ниво спроти локалните избори, Тасева коментира дека тоа не значи дека има незаконитости во постапката. Посочува дека тие се спроведуваат врз основа на годишен план за вработувања кој претходно е изготвен, но вели, факт е дека кога се знае дека во одреден период ќе има локални избори, може соодтвено дфа се прилагоди и годишниот план. Пепорачува овие годишни планови да се споредат со годишните планови од претходните години.

„Она што го забележуваме е дека бројот на огласи во јануари бил 17, а во јуни бил вкупно 151 од кои 114 огласи се на локално ниво, а бројката на огласи на локално ниво била само девет. Значи многукратно повеќе се зголемил бројот на огласи“, посочи Тасева.

Според претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, треба да се согледаат потребите и дали систематизациите се прават во согласност со потребите на институцијата, дали функционалните анализи кои што треба да претходат на систематизациите се направени и како се направени. При тоа нагласи, дека лично смета оти е многу важно во државните институции да се вработуваат непартиски луѓе, иако тоа би можело да се коси со правата на определување на службениците.

„Можеби треба кабинетите да бидат партиски, но по завршување на функцијата заедно со функционерот да си ја напуштат институцијата. Мислам дека треба да се придвижуваме кон таков модел“, рече Ивановска.

Тасева и Ивановска се осврнаа и на проблемот со времените вработувања  кои масовно се спроведуваат а се објаснуваат со потреба од кадар. Сметаат дека тоа е резултат на недостаток на контролни механизми.

„Ние навистина треба тој систем на следење и контрола да го направиме да биде ефективен и да може да се зборува за реални состојби“, порача Тасева.

Извештајот за мониторингот од четвртиот тримесечен квартал за имплементацијата на препораките од Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор ќе го изработи Државната комисија за спречување на корупцијата. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ