• Latest

Шахпаска за „Коха“: Со „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

July 23, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска за „Коха“: Со „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

July 23, 2021 19:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, потенцира дека во носењето на законското решение со Предлог – законот за работни односи, со кој се дефинира дека недела е ден за одмор и помина во прво читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика, биле вклучени сите засегнати чинители.

„Целта поради која го носиме законот за работни односи со кој се дефинира дека недела е ден за одмор се работниците и работничките права. Работниците се основниот човечки капитал којшто учествува во процесот на производство“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека за ова законско решение се разговарало на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажале своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија.

„Нашата намера како предлагачи на законот не е само да го исполниме нашето изборно ветување на парламентарните избори, како што знае опозицијата да адресира, туку да се излезе во пресрет на барањата на работниците за воспоставување на еден баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Кога предлагате законско решение, најмалку што сакате е да постигнете негативен ефект – отпуштање на работници. Апелирам до работодавачите да го почитуваат ова законско решение, кога ќе се усвои, затоа што е многу тешко да се стигне до работна сила во услови кога бевме соочени со пандемија, и кога генерално квалификувана работна сила недостасува на пазарот“, рече Шахпаска.

Според министерката Шахпаска, реализирањето на законското решение недела – ден за одмор, ќе генерира задоволство кај работниците кое пак, ќе предизвика зголемување на продуктивноста, која ќе значи поголем профит и на работодавачите.

„Намерата беше 92 отсто од работниците да не работат во недела, и тоа го испорачува ова законско решение. Само осум отсто од работниците во оние дејности кои се неопходни, околу 42 таксативно наведени во предлог – законското решение ќе мора да работат во недела за да може државата да функционира непречено. Ние сите мора да имаме струја во недела, да имаме пристап до телефонија, да работат здравствените служби, системот за социјална заштита што значи згрижување на деца и стари и лица, царинските служби и службите за обезбедување. Мора да работат и неопходните дејности, како што се копањето на руда, топилниците, оние процеси кои поради  технолошкиот процес не можат да бидат прекинати. Во овие 30 отсто кои се исклучоци, само минимумот на работници кои мора да работат ќе работат во ден недела“, рече таа.

Во интервјуто, министерката за труд и социјална работа истакнува дека до сега во употреба се пуштени 14 детски градинки, а уште 12 до крајот на годината.

„Нашата заложба е до завршување на мандатот до 2024 година 60 отсто од децата од предучилишна возраст, да бидат сместени во градинки. Отворени се градинки и во Прдејци-општина Гевгелија, но и градинка во која има мешана група од 20 деца во Разловци, општина Делчево. Работиме на градинки во Градско и Росоман, а Могила ни е во следниот период, информираше Шахпаска во интервјуто за весникот „Коха“.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ