• Latest

Шахпаска: Расправата по законот за работни односи по одморите, во собраниска процедура наесен

July 27, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шахпаска: Расправата по законот за работни односи по одморите, во собраниска процедура наесен

July 27, 2021 13:38
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за работни односи со кој целосно ќе се регулира оваа сфера најверојатно ќе влезе во собраниска процедура на крајот на октомври или почетокот на ноември и ќе биде донесен до крајот на годината, најави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по настанот за пуштање во употреба на градинка во Стајковци.

Драфт верзијата на законското решение е изработена од страна на МТСП, а  дебатата по него ќе продолжи по завршување на годишните одмори со сите учесници кои се засегнати од носење на ова законско решение, најави министерката Шахпаска

„Ние како Министерство го изготвивме законот во првичната работна верзија, која што секако ќе биде дополнувана, менувана, затоа што сакаме да имаме сенс за сите, затоа што тоа ги адресира проблемите на работниците, на работодавачите, на мајките кои треба да користат породилно боледување, така што, не би сакала да говорам во детали за ова законско решение. Ние многу јавно и транспарентно ќе говориме за него во периодот што претстои“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во одговор на новинарско прашање.

Во врска со законското решение за недела – ден на неделен одмор, таа истакна дека тоа се носи во интерес на работниците.

„Тие се најголемиот капитал на една држава кога говориме за системот на работни односи. Законското решение го работевме цели седум месеци, многу јавно и транспарентно со учество на сите партнери од социјалниот дијалог, на пет седници на Економско-социјалниот совет, преку учество во дебата, во емисии и јавни настапи, така што ќе работат само оние дејности коишто се неопходни за непречено функционирање на државата. Кога велам неопходно функционирање не сите вработени во овие дејности, туку минимумот на работници коишто се неопходни за да може ние да имаме струја, да работат телефоните, да имаме вода, собирање на сметот, здравствена заштита, згрижување на лицата во системот на социјална заштита“, објасни Шахпаска.

Според неа, ова е законско решение кое што треба да воспостави баланс меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците затоа што, како што посочи, само мотивирани работници кои имаат испочитувани работнички права создаваат поголема продуктивност, а со тоа генерираат задоволство и на работодавачите и напредок во економијата на државата./ МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ